Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јануари 2018

Советот на општина Струмица му даде приоритет на проектот за изградба на две прифатилишта за бездомни животни

Членовите на Советот на општина Струмица му дадоа приоритет на проектот за изградба на две прифатилишта за бездомни животни. Прифатилиштата ќе бидат изградени во Струмица и Гевгелија, а ќе значат решавање на проблемот со кучињата скитници во сите општини во југоисточниот плански регион. Носител на проектот е општина Струмица која за негова реализација обезбеди сопствено учество во износ 2.695.961,00 денари од буџетот на Општината за 2018 година. 

На шестата седница на Советот на општина Струмица донесени повеќе одлуки во интерес на граѓаните

Советот на општина Струмица денеска ја одржа шестата седница на која беа донесени повеќе одлуки и решенија во интерес на граѓаните. Градоначалникот Коста Јаневски и членовите на Советот ја покажаа својата хуманост и потврдија дека општина Струмица е општина која што се грижи за сите граѓани усвојувајќи ја предлог одлуката за финансиска помош на Милица и Олга Грнчарови и Георги Трајкови од Струмица и Драги Арабаџиев од селото Сарај.

Се уредуваат населените места во општина Струмица

Општина Струмица, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, започнаа заеднички активности за комплетно уредување на населените места и решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите. Ова е едно од ветувањата што на средбите со жителите од месните заедници им го даде градоначалникот Коста Јаневски.

Преку „Систем 48“ решени 1.676 проблеми на граѓаните во 2017 година

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во минатата 2017 година биле решени 1.676 проблеми од вкупно 1.803 пријави. Останатите 127 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.sist

Извршени се контроли за загадување на воздухот во 19 правни субјекти

Инспекторот за животна средина во општина Струмица во изминатиот период вршеше континуирани контроли кај правните субјекти за да се утврди дали и колку го загадуваат воздухот во градот. Посебна контрола се вршеше и се уште се врши на инсталацијата која што служи за затоплување на работните простории, односно, дали се користи отпад што е забранет согласно важечките законски прописи.

 

Решение за свикување на шестата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Страница 1 од 5

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544