Градоначалникот Јаневски на заедничкото одбележување на Тримери на основните училишта „Маршал Тито“ и „Сандо Масев“

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на одбележувањето на празникот Тримери во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Одбележувањето беше заедничка активност на ова и основното општинско училиште „Сандо Масев“. Учениците и наставниците во соработка со родителите, преку богата посна трпеза и пригодна програма, одлично ги презентираа  традиционалните обичаи карактеристични за празникот Тримери.