Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2018

Градоначалникот Јаневски во работна посета на Советот на Европа во Стразбур

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, престојуваше во дводневна работна посета на Советот на Европа во Стразбур, Франција. Во работната сесија на Советот, Јаневски учествуваше како член на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Во агендата на дводневната работна сесија, покрај другите настани, се одржа и настан посветен на Република Македонија, односно на локалните избори кои што беа одржани во октомври минатата година. Според Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа кој што имаше мисија да ги набљудува овие избори, тие биле добро организирани и во согласност со меѓународните стандарди.

Претставници од училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул во посета на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, престојуваат претставници од партнер училиштето „Халдун Танер“ од Истанбул, Република Турција. Во салата на Советот на општина Струмица во домот на АРМ претставници од двете училишта, се сретнаа со претседателот на Советот Марјан Даскаловски и дел од советниците.

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), Градоначалникот на Општина Струмица, распишува јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови. Јавниот повик е достапен на следниов линк.

Иновативни техники за следење и вреднување на постигањата на учениците во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од село Дабиле

Современиот техничко-технолошки развој на информатичката технологија и потребата од користење на нагледните средства и технички помагала во наставата, на учениците и наставниците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од село Дабиле, им овозможува следење и вреднување на постигнатите резултати, прибирање на показатели за нивната активност, мотивираност за учење и обезбедување податоци за меѓусебната соработка на учениците и наставниците. 

Уличното осветлување во Добрејци проширено е со нови ЛЕД светилки

Од синоќа во населеното место Добрејци извршено е проширување на новото енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. Од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека на дел од стариот пат Добрејци – Василево поставени се нови канделабри со ефикасни ЛЕД светилки на 11 сијалични места. Во февруари годинава во ова населено место беа поставени нови 35 ЛЕД арматури. Новото современо улично осветлување во однос на претходното, значи поголем квалитет и заштеда на енергија.  

Градоначалникот Јаневски испрати телеграма со сочувство до семејството Крстеви по повод смртта на Мијалче Крстев командир на ТППЕ на Струмица

Почитувани членови на семејството Крстеви,
Со неверување и голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот сопруг и татко, а наш соработник, Мијалче Крстев.
Мијалче ќе остане запаметен како извонредно ценет и почитуван граѓанин, а како командир на Територијалната противпожарна единица – Струмица, се одликуваше со својата професионалност, одговорност, пожртвуваност и сериозност во извршувањето на своите работни задачи. Како таков, вечно ќе остане во моето паметење.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544