Повик до граѓаните за вклучување во пролетната акција

На ден 20.05.2018 година, недела, Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ ја продолжува пролетната акција за генерално чистење на улиците во градот. Ке се изврши чистење на улиците од горниот дел на градот и тоа: ул. “Кирил и Методиј“, “Маршал Тито“ се до излезот кон населено место Куклиш. Се повикуваат граѓаните од овој дел на градот да земат учество во оваа акција, со тоа што ќе го извадат својот отпад од подрумските простории и дворни места и го пријават на тел: 034 325 909 за истиот да биде подигнат.