Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2018

Градоначалникот Јаневски оствари средба со амбасадорот на Италија Карло Ромео

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео. На средбата се разгледуваа можностите за продлабочување  на соработката, а посебен акцент беше ставен на воведувањето на италијанскиот јазик во македонскиот училишен систем и соработката која што може да ја има општина Струмица со градовите во Италија. Во март годинава Владата на Република Македонија донесе одлука италијанскиот јазик да се воведе како втор изборен јазик со што од новата учебна година, учениците ќе имаат можност меѓу другите странски јазици да го изберат и италијанскиот јазик.

Градоначалникот Јаневски на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица. Учениците изведоа богата програма, а директорот на училиштето Благица Устапетрова им врачи признанија на учениците кои освоиле награди на општински и државни натпревари од повеќе области.

Во Ќустендил, Р. Бугарија, се одржа еднодневна работилница за изработка на детски цртежи со еколошка содржина

На ден 22.05.2018 година, во Ќустендил, Р. Бугарија, како дел од реализацијата на проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“, се одржа еднодневна работилница за спроведување на ликовни активности заизработка на детски цртежисо еколошка содржинаод страна на децатаод детската градинка „Детска Радост“ од Струмица и детската градинка „Први Јуни“ од Ќустендил, Р. Бугарија на тема „Природни ресурси - придобивки и заштита”.

      Општина Струмица – успешна приказна во искористувањето на ИПА фодовите

Денес во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски се одржа прес конференција на тема „Општина Струмица и европските фондови“, на која беа презентирани наодите од анализата „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво“, во рамките на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, спроведуван од НВО Инфоцентар и Организација на жени од Струмица, а финансиран од Европската Унија.  Презентирајќи ги наодите од анализата, извршната директорка на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова, истакна дека Општина Струмица е успаешна приказна во тој домен, а градоначалникот Коста Јаневски направи рекапитулација на проектите реализирани во изминатиот период. Тој во своето обраќање истакна: 

Реализирана заедничка активност на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса со учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Муртино

Добро е да имаме сличности со другите зашто така другиот ни е поблизок и така подобро можеме да се разбереме. Но, убаво е и да бидеме различни зашто тоа ни создава можност да научиме нови обичаи, традиции и јазици.
Нашите училишта се места во кое учениците се образуваат, но најважно од се, се стекнуваат со знаења кои овозможуваат почитување на вредностите, културите и јазикот на другите етнички заедници.

Струмичките матуранти, поздравени од градоначалникот Јаневски, танцуваа по звуците на Штраус

Денес на плоштадот „Гоце Делчев“ , матурантите од струмичките средни училишта зедоа учество на Меѓународниот матурски бал, играјќи квадрил по звуците на Штраусовата опера „Лилјакот“. Во исто време, во своите градови, танцуваа и нивните врсници од Скопје, Струга, Охрид, Гевгелија и Куманово, но и од стотина други градови од централна и југоисточна Европа. Пред почетокот на балот, матурантите ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој во својот говор рече:

Страница 1 од 4

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544