Уличен баскет во СОФ програмата на „Струмица опен фестивал“

Годинашното седмо по ред издание на „Струмица опен фестивал“ уште еднаш потврди дека е манифестација која што нуди прекрасни содржини за сите граѓани. Во рамките на Оф програмата синоќа започна Уличниот баскет 2018 на кошаркарското игралиште на средното општинско училиште „Јане Сандански“. Во натпреварите кои завршуваат вечерва, учествуваат повеќе екипи составени од рекреативци и љубители на кошарката, а за најдобрите се обезбедени и награди.