Јаневски: Ќе започне изградбата на канализационите системи во Просениково и Дабиле

Во работна посета на општина Струмица, денеска, престојуваше министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски. По работната средба со градоначалникот Коста Јаневски на која се разговараше за реализацијата на заедничките проекти на општината и министерството од областа на инфраструктурата, беше посетена реконструираната делница Дабиле – Хамзали на регионалниот пат Струмица – Берово.