Во Струмица на улица се одржа прв ноќен полумаратон

За прв пат синоќа по улиците на Струмица се одржа ноќен полумаратон како завршен настан на седмото издание на Струмица опен фестивалот 2018 година. На трките учествуваа околу 220 атетичари и атлетичарки од земјава и странство, а меѓу нив беше и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој учествуваше во трката на 21 километри. Ноќниот полумаратон се одржа во организација на здружението спортски клуб „ЈУГО – ИСТОК“ Струмица и здружението „Културно-забавен живот“, а наградите на најдобрите им ги врачи градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.