Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2018

Градоначалникот Јаневски: Училиштата се подготвени за новата учебна година

„Основните и средните општински училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година“, изјави градоначалникот Коста Јаневски кој со своите соработници од областа на образованието, посети дел од училиштата и детално се информираше за состојбата во сите нив. Во понеделник започнува новата учебна 2018/2019 година. Како Градоначалник и Општина, на кои образованието им е меѓу стратешките приоритети, сакам да ве информирам дека сите основни и средни училишта се подготвени за стартот на новата учебна година.

Детската претстава „Принцот Жаба“ и во Струмица

princot zhabaНа ден 03.09.2018 година (в понеделник) во летниот амфитеатар во градскиот парк дечињата од Струмица ќе можат да уживаат во детската претстава „Принцот Жаба“ во изведба на актерите Мими Ристов, Сашо Ристовски и Роберт Ристов од театарот Крик. Влезот е бесплатен, а претставата започнува во 20 часот.

Се одржа работна средба на тема „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“

Во организација на МВР-СВР од Струмица, со поддршка на општина Струмица, во Домот на АРМ во Струмица се одржа работна средба на претставници од советите на родители и училишните одбори, директори и стручни соработници од основните и средните општински училишта од општина Струмица,  советници од Советот на општина Струмица и претставници од МВР.

Ученикот Димитар Џорлев, учесник на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Боцвана, Африка

После одржани два селекциони натпревари по природните науки кои во текот на месеците јуни и август, се реализираа во организација на Друштвото на физичарите на РМ, Сојузот на хемичарите и технолозите и Македонското биолошко друштво, ученикот Димитар Џорлев од Струмица, се пласираше за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, која во месец декември оваа година, ќе се одржи во Боцвана, Африка. Тимот составен од шест ученика, кои ќе ја претставуваат Република Македонија, ќе се натпреварува во областа на природните науки низ прашања и задачи опфатени преку тематската целина „Откривање, иновации и животна средина“.

Во новата учебна година ќе се отвори група со целодневен престој на деца во градинката „Детска радост“

За прв пат од оваа нова учебна 2018/2019 година во просториите на клон 2 – градинка „Парк“, ќе се отвори група за целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 година. Со децата ќе работи едуциран персонал – воспитувачи за одделенска настава. Јавната образовна установа детска градинка „Детска радост“ ги известува родителите кои се заинтересирани за престој на нивните деца во групата дека пријавувањето е во тек и се врши во дирекцијата, а дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 034 321 397.

30727775 1612053205514770 6890553252882939904 n

Градоначалникот Јаневски на празникот Успение на Пресвета Богородица со граѓаните на Струмица

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со соработниците, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и членови на истиот, денеска, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваа на светата литургија која што се одржа во истоимениот храм во изградба во Струмица. Со граѓаните си го честитаа празникот, а присуствуваа и на заедничкиот празничен ручек во црквите „Свети Григориј Палама и Димитриј“ и во „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544