Драган Гонев – Одделение за меѓународна соработка и европски фондови во општина Струмица

Сите активности кои се реализирани на „Цареви кули“ се финансирани со европски средства Културата е еден од најважните сегменти од живеењето, традиционалните вредности и опстојот на еден народ или заедница. Културното наследство како сведоштво на едно постоење низ годините и вековите наназад, ја има улогата на огледало во кое луѓето успеваат да се самоидентификуваат, да го пронајдат сопствениот коренов систем, да ја споделат меѓусебно својата колективна историја и да го почувствуваат допирот со традицијата. Струмица има многу свои белези кои ја прават посебна и препознатлива.

Еден од нив е тврдината „Цареви Кули“ која има својство на споменик на културата според Законот за заштита на културното наследство на Република Македонија. Во изминатите години, општина Струмица вложи големи напори за подобрување на состојбата и изгледот на „Цареви Кули”. Во таа насока, од страна на општина Струмица беа поттикнати и спроведени повеќе активности за реконструкција и реставрација на овој локалитет, преку средства од фондовите на Европската Унија. Проектот за целосна Реконструкција, реставрација и конзервација на „Цареви Кули“ е повеќегодишен проект кој се реализираше во повеќе фази со користење на средства од европските фондови. Текот и динамиката на проектот зависеа и зависат од расположливите финансиски средства на донаторите наменети за финансирање на проекти од областа на културно – историското наследство. Сите активности кои се реализирани на „Цареви Кули“ се финансирани со европски средства и тоа,  археолошки истражувања на тврдината изградба на асфалтиран пристапен пат во должина од 2 км низ ридот до „Царевите Кули”, кој покрај за туристите и посетителите, е наменет и за автомобили и велосипедисти  конзервација, реставрација и ревитализација на загрозени делови од тврдината изработка на сеопфатна техничка документација за конзервација, реставрација и реконструкција на тврдината „Цареви Кули” во согласност со наодите од истражувачките процеси на северната страна односно на делот од тврдината над градот Струмица беше конзервирана и реконструирана кула во висина од 11 метри на која беа поставени 12 градобрани; на овој дел, исто така, беше конзервиран и реконструиран бедем во должина од околу 22 метри конзервација и реставрација на западниот бедем во должина од 20 метри, а по неговата должина беа поставени неколку градобрани  комплетно беше реконструирана јужната кула од тврдината, додека на југозападната кула беа завршени неопходните конзерваторски работи и беа поставени 12 градобрани; на овој дел беа изградени и потпорни ѕидови за спречување на понатамошната ерозија на земјиштето идентификувани, мапирани и категоризирани пешачки патеки до и околу тврдината. Многу брзо, со средства од европските фондови, се очекува да продолжат активностите за целосна реконструкција и реставрација на останатите делови од тврдината со што ќе се реализираат Стратешките планови на општина Струмица за „Царевите Кули”, кои предвидуваат:  целосно завршување на реставрацијата и реконструкцијата на тврдината осветлување на тврдината заради потенцирање на објектот сразмерно на неговото значење хортикултурно уредување на локалитетот уредување на простор за одржување на културни манифестации уредување и доуредување на постоечки пешачки патеки  поставување на информативни табли и патокази до локалитетот и долж патеките. Досега споменатото е повеќе од доволен доказ за сериозниот ангажман и пристап на општина Струмица при заштитата на културно – историското наследство. Но, исто така, тоа претставува и достоен показател за можностите кои ги нудат фондовите на Европската Унија во поглед на заштитата на културно – историското наследство.  Влезот во европското семејство за нашата земја, а со тоа и за општина Струмица, ќе значи многу поголеми средства од ЕУ фондовите за заштита на културно – историското наследство.42438126 1817807331606022 4899270113670201344 n