Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2018

И населеното место Просениково ќе добие канализационен систем

По Дабиле и населеното место Просениково ќе добие канализационен систем. Денеска во атарот на селото започнаа градежните активности на кои присуствуваа градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски. Освен за започнувањето со изведбата на канализациониот систем, жителите на Просениково, денеска имаа уште еден убав повод за задоволство.

Општина Струмица продолжува со реализацијата на планираните градежни активности за оваа година

Општина Струмица продолжува со реализацијата на планираните градежни активности за оваа година. Деновиве се изврши поплочување со бекатон плочки на тротоарите на дел од улиците „Елка Јанкова“, „Крушевска Република“ и „Ѓорѓи Трајков“ со вкупна површина од околу 450 метри квадратни.

Јаневски:Време е да покажеме одговорност и на 30 септември да излеземе сите и да си го кажеме сопственото мислење

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, ги повика граѓаните на општина Струмица да излезат на 30 септември, да ја искористат најсилната демократска алатка, референдумот, и да учествуваат во креирањето на иднината на Република Македонија.

Почитувани мои сограѓани,

Јаневски:Планината Беласица нека биде симбол на заедничка грижа кон природата и нашата иднина

Во организација на Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица, денеска, се одржа конференција на тема „Потребата од заштита на планината Беласица“ на која што присуствуваа претставници на повеќе граѓански организации и институции чија дејност е поврзана со заштитата на оваа планина. Конференцијата е во рамките на спроведувањето на проектот „Мрежа за заштита на планината Беласица“

Се изведуваат бетонски активности во градот и населеното место Попчево

Во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Струмица за 2018 година, во градот и населеното место Попчево се изведуваат бетонски работи. Завршена е реконструкцијата на дел од тротоарот на улицата „Браќа Миладинови“, бетониран е џеб на улицата „Младинска“, а во населеното место Попчево, бетонирана е една улица, а ќе се бетонираат и останатите планирани во програмите на општина Струмица за оваа година.

Започна изградбата на канализациониот систем во населеното место Дабиле

Во населеното место Дабиле започна со изградба канализациониот систем во должина од 8.145 метри. На стартот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници, кој потенцираше дека со реализацијата на овој проект се подобрува квалитетот на животот на жителите на Дабиле.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544