Градоначалникот на Копер од Словенија, Борис Поповиќ во посета на Струмица

На покана на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, во периодот од 04 до 06 февруари во Струмица престојуваше Градоначалникот на Општина Копер од Република Словенија, г-дин Борис Поповиќ.

Во рамките на дводневната посета на Струмица, Високиот гостин од Република Словенија оствари средба со Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, при што беа водени конструктивни разговори за размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу двете општини. Мегу делегацијата од Словенија беше и познатиот каскадер, струмичанецот, Рок Цветков.

Градоначалникот на Копер, г-динот Поповиќ го посети Комплексот Манастири Св.Леонтиј во Водоча и Св. Богородица Елеуса во Вељуса, како и Римската терма во Банско, запознавајќи го културното историско наследство на Струмица. На 05 Февруари Градоначалникот на Копер присуствуваше на отварањето на новиот градски пазар при што беше пријатно изненаден од топлината и непосредноста на струмичани, посебно од масовносто присуство на граѓани на отварањето на Градскиот пазар, што го означи како позитивен импулс за граѓаните на Струмица да живеат во модерен и современ град. Воодушевен од грандиозноста и современоста на објектот со модерниот градски пазар од затворен тип, Градоначалникот Поповиќ истакна дека вакви позитивни примери се искуство и за словенските општини.