Детска насмевка за првиот ден на пролетта

Детската насмевка прошета низ градскиот парк во знак на одбележувањето на Денот на пролетта.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев работниот ден го започна со средба со ученици од Основното училишта Никола Вапцаров од Струмица. Децата со подарок за Градоначалникот,….

Детската насмевка прошета низ градскиот парк во знак на одбележувањето на Денот на пролетта.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев работниот ден го започна со средба со ученици од Основното училишта Никола Вапцаров од Струмица. Децата со подарок за Градоначалникот, пролетен венец, а првиот човек на општината со поддршка и покровителство за целокупните активности на децата за овој ден.

Под мотото “Да ја разубавиме нашата Струмица” се одржаа низа активности за сите ученици од основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица. Најмладите продифилираа со пролетни и цветни облеки низ градскиот парк, учениците цртаа на асвалтот пораки и пејсажи посветени на Екологијата и пролетта, а Градскиот парк беше домаќин за еколошкиот час на сите ученици. Теоретските знаења од еколошки час учениците практично ги покажаа преку хортикултурно уредување на бистите на патроните во училиштата.