Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2008

2008-3-5


10.03.2008 | Над 3.000 млади струмичани учествуваа на Детскиот карневал. Традиционалниот детски карневал од Струмичкиот карневал секогаш се одржува на христијанскиот празник Прочка. Голем број деца под маски, со креации и анимации на своите јунаци од цртаните филмови, принцези, невести, цвеќиња и друго, дефилираа во центарот на градот. Најмладите струмичани потврдија дека Струмичкиот карневал има блескава иднина.













2008-3-4


08.03.2008 | Традиционалниот маскембал го означи стартот на Струмичкиот карневал. Со многу маски, сите убаво осмислени и во прекрасна атмосфера, се одржа традиционалниот маскембал на кој беа избрани принцот и принцезата на овогодишниот Струмички карневал. Честа да бидат во кралската свита на Струмичкиот карневал 2008 им припадна на струмичаните Елена Милушева и Горан Сапунџиев.

Ако утрото денот го краси, и нашиот маскенбал ќе ни ја краси главната карневалска вечер, односно и таа ќе се надмине себеси и ќе докаже дека Струмица има срце за Струмичкиот карневал“, рече Александар Цицимов, претседателот на градски комитет на FЕCC.
После успешниот маскембал организаторите на Струмичкиот карневал – Градскиот карневалски одбор - се оптимисти дека годинава ќе се случи најдоброто издание на Струмичкиот карневал.

















2008-3-3


04.03.2008 | Одговор на Градоначалникот на општина Струмица на демантот на Министерството за транспорт и врски на РМ. “Министерството за транспорт и врски со вчерашниот демант на мојата прес-конференција, истовремено само по себе СЕ ДЕМАНТИРАШЕ” се вели во одговорот на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев надополнет со аргументи и прилози кон изнесеното.

Почитувани,
Дозволете ми, во неколкуте аргументи и прилози да Ви го потврдам фактот дека Министерството за транспорт и врски со вчерашниот демант на мојата прес-конференција, истовремено само по себе СЕ ДЕМАНТИРАШЕ.
1. Имено, во членот 5 од истата Уредба која што ја споменуваат, се вели дека – ЗАПОЧНАТИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ОТТУЃУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ, ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СОГЛАСНО ТАБЕЛАРНИОТ ПРЕГЛЕД КОЈ ВАЖЕЛ ВО ВРЕМЕТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО.

БАРАЊЕТО Е ПОДНЕСЕНО ВО ОКТОМВРИ 2007 год.

2. На 27 ноември 2007 год., Министерството за транспорт и врски, ВЕЌЕ ЕДНАШ ЈА ИМА ОБЈАВЕНО ПРОДАЖБАТА НА ИСТАТА ЛОКАЦИЈА ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 100 ден. за м2.

3. На 12.02.2008 год. Министерствот за транспорт и врски ПРОДАДЕ ПАРЦЕЛИ ПО 100 ден. за м.кв. КОИ СЕ НАОЃААТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА И СЕ ОД СОСЕМА ИСТ КАРАКТЕР КАКО И ОВИЕ.

4. На 9.11.2007 од страна на Министерот за странски инвестиции, на странските инвеститори, ПИСМЕНО им е ПОНУДЕНО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 100 ден.за м.кв. СО ТОА ШТО, СЕКОЈ НАРЕДЕН ЧЕКОР НА ЛИЦИТАЦИЈА ЌЕ ЧИНИ 10 ДЕН.

5. Во членот 40 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, јасно стои дека – КОГА НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ НЕМА УЧЕСНИК, ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ СЕ ПОВТОРУВА, ПРИ ШТО ВРЕДНОСТА НА НЕДВИЖНАТА СТВАР СЕ НАМАЛУВА ЗА 20%.

Горенаведеното е само дел од големата потврда за големата ароганција и несериозност на Министерството за транспорт и врски на РМ кон сите странски инвеститори кои имаат намера да инвестираат во Р.Македонија, а посебно голема потврда за селективната политика од страна на Владата на РМ кон Општина Струмица чиј градоначалник е потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Ваквата, веќе потврдена во многу прилики, антиекономска политика, не претставува ниту влез за во НАТО, а најмалку за долгоочекуваната Европска Унија.


Со почит,

 

Градоначалник на
Општина Струмица
Зоран Заев

 

2008-3-2


03.03.2008 | Владата ги брка потенцијалните инвеститори од Струмица. “Со еден збор срамна е одлуката на Владата” рече Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на прес конференцијата по повод одлуката на Владата за продажба на земјиштето во с.Сачево по цена од неверојатни 700 денари за метар квадратен, на која грчката компанија Стиафилко требаше да изгради четири фабрики и да вработи над 3000 луѓе.

Парцелата од над 406.000 м2 на која грчката компанија Стиафилко треба да инвестира 150 милиони евра во четири фабрики и во кои ќе се вработат над 3.000 луѓе досега беше трипати на јавно наддавање.
Сите пазарни логики велат дека кога нешто не се продава се намалува цената. Наспроти тоа во овој случај цената од 100 денари се покачи на 600 денари за сега Владата да ја продава по цена од 700 денари за метар квадратен.

„За жал, и покрај писменото ветување на министерот за странски инвестиции Веле Самак до грчката фирма дека почетната цена за квадрат ќе биде 100 денари, тоа не се случи. Досегашните јавни повици покажаа контрапродуктивно дејствување на Владата. Кога од ’Стијафилко‘ изразија подготвеност да лицитираат, Владата објави повик од 600 денари за квадрат, а почетната цена во завчерашниот оглас беше 700 денари. Очигледна е намерата на Владата од веќе готова работа да не излезе ништо. Мотивите се повеќе од провидни. Тоа е срамота“, изјави вчера градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Груевски и Самак нека ги земат сите политички поени од оваа инвестиција, но во интерес на граѓаните на општина Струмица Барам, да објават лицитација според она што министерот Самак им го вети на грчките инвеститори, нагласи градоначалникот Заев.
Градоначалникот Заев побара од Владата уште еднаш да ја преиспита донесената антиекономска одлука, затоа што станува збор за капитална инвестиција тешка 150 милиони евра.

2008-3-1


01.03.2008 | Одбележан празникот на пролетта Ксантика. Во рамките на проектот „Социјална инклузија за деца и млади од Струмичкиот регион“ и реализацијата на проктните активности на 01.03.2008 год на Плоштадот „Гоце Делчев “ во Струмица, најмладите го одбележаа доаѓањето на првиот пролетен месец Ксант – месец март и доаѓањето на Баба Марта.

 




Во рамките на проектот „Социјална инклузија за деца и млади од Струмичкиот регион“ имплементиран во партнерска соработка помеѓу Општина Струмица, АБЦ - Центарот за образование спорт и култура Струмица, на 01 март 2008 година како дел од Детската ликовна работилница „Ако можеш да замислиш можеш и да го оствариш“, најмладите беа иницијатори на оживувањето и славењето на празникот на пролетта –Ксантиката.




Со голем ентузијазам најмладите во текот на двонеделната ликовна работилница имаа можност своите ликовни капацитети да ги изрзат преку изработка на мартинки, кои беа поделени на најмалдите на детското матине кое беше организирано од Центарот за образование Спорт и култура АБЦ Струмица во соработка со Граѓанското здружение Струма од Струмица .




Радоста на најмладите во одбележувањето и славењето на Ксантиката Празникот на пролетта и доагањето на Баба Марта ја надополни Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев поделувајќи им мартинки, нивни лични ракотворби, производ на чистите детски души.



Страница 3 од 3

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544