Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2008

2008-3-11


21.03.2008 | СТРУМИЦА НАЈДОБРА ОПШТИНА ВО ЕКОЛОГИЈАТА
На денот на екологијата, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2007 година.
Општина Струмица е Екошампион за 2007 година според одлуката на Министерството. Наградата ја прими Градоначалникот на...

 

На денот на екологијата, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2007 година.
Општина Струмица е Екошампион за 2007 година според одлуката на Министерството.
Наградата ја прими Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Во категоријата Заштита на природно наследство, Општина Струмица ја доби првата награда за трите проекти реализирани во 2007 година:
Габровски водопад, Враќање на бадемовиот цвет под Царевите кули и Пошумување на месноста Чам-чафлик.
Наградата се состои од плакета и парични средства во износ од 90.000 денари.

















2008-3-10


21.03.2008 | КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА.
Општинската администрација и нејзиниот прв човек денес ја покажаа својата хуманост. Градоначалникот Зоран Заев и 38 службеници од Општина Струмица даруваа од драгоцената течност во крводарителската акцијата што беше спроведена од Општина Струмица и Црвениот крст на Република Македонија.









2008-3-9


21.03.2008 | ДЕТСКА НАСМЕВКА ЗА ПРВИОТ ДЕН НА ПРОЛЕТТА.
Детската насмевка прошета низ градскиот парк во знак на одбележувањето на Денот на пролетта.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев работниот ден го започна со средба со ученици од Основното училишта Никола Вапцаров од Струмица. Децата со подарок за Градоначалникот,....

Детската насмевка прошета низ градскиот парк во знак на одбележувањето на Денот на пролетта.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев работниот ден го започна со средба со ученици од Основното училишта Никола Вапцаров од Струмица. Децата со подарок за Градоначалникот, пролетен венец, а првиот човек на општината со поддршка и покровителство за целокупните активности на децата за овој ден.

Под мотото “Да ја разубавиме нашата Струмица” се одржаа низа активности за сите ученици од основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица. Најмладите продифилираа со пролетни и цветни облеки низ градскиот парк, учениците цртаа на асвалтот пораки и пејсажи посветени на Екологијата и пролетта, а Градскиот парк беше домаќин за еколошкиот час на сите ученици. Теоретските знаења од еколошки час учениците практично ги покажаа преку хортикултурно уредување на бистите на патроните во училиштата.










2008-3-8


19.03.2008 | КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Во Домот на АРМ во Струмица, на 19 март 2008 година, се одржа работна конференција за конституирање на Локален Совет за Превенција на општина Струмица. На работната конференција беа присутни голем број поканети учесници: пратеници во Собранието на РМ кои живеат во...

 

Во Домот на АРМ во Струмица, на 19 март 2008 година, се одржа работна конференција за конституирање на Локален Совет за Превенција на општина Струмица. На работната конференција беа присутни голем број поканети учесници: пратеници во Собранието на РМ кои живеат во општина Струмица, советници од Советот на општина Струмица, претставници од локалната самоуправа, претставници од ОБСЕ-мисија во Скопје, претставници од МВР-Скопје и СВР-Струмица, основниот јавен обвинител, заменик народниот правобранител, раководители на институции, организации, подрачни единици на министерства, директори на основни и средни училишта од општина Струмица, претставници од верски заедници, НВО, локални медиуми и други.





Воведот на работната конференција му беше доверен на секретарот на општина Струмица, г-динот Кирил Парталов, кој на почетокот ги запозна учесниците со агендата и го повика Градоначалникот на општина Струмица, господинот Зоран Заев, да ја отвори работната конференција.
Градоначалникот на општина Струмица, во своето обраќање ги поздрави присутните и меѓу другото рече:
,, Проблемите во општествено-економскиот, политичкиот и воопшто во секојдневниот живот не доаѓаат сами по себе, ниту пак се решаваат сами по себе. Откако една причинско-последична врска предизвикала проблем, секогаш сме се запрашале: Како да го решиме настанатиот проблем. Честопати, одговорот го бараме надвор од нашата средина, честопати одговорот е во нас, но потребна е одлучност нештата да ги решаваме и да не претставуваат проблеми. Само спроведувањето на законот нема никогаш да помогне. Превенцијата како мерка во сите области е добредојдена. Безбедноста во сообраќајот, решавањето на проблемот на злоупотреба на дрога, хигиената низ градските улици, животната средина, воспитно-образовниот процес, здравјето на луѓето, социјалната заштита, заштитата на имотот и лицата и многу други области од интерес, треба да бидат основни прашања за кои сите ние, не по наш избор и волја, туку како обврска да ги сфатиме и одговорно да ги решаваме.
За нашата сегашност и иднина овој пат се собравме сите заедно овде-политичари, медиуми, полиција, раководители на организации, институции од државно и локално ниво, индивидуалци, од сите области на секојдневното живеење, во една хармонија, координирано да почнеме да ги идентификуваме проблемите во нашата локална средина, да ја дефинираме нашата политика на работа и да изградиме стратегија за одлучни чекори за имплементација на заедничко партнерство во еден наш општински Локален Совет за Превенција,,.





Потоа, кон присутните се обрати началникот на СВР-Струмица, г-динот Марјан Наковски, а збор доби и претставникот од МВР-Скопје, г-динот Мите Стојков, полициски советник во секторот за јавен ред и мир при МВР на РМ. Презентација на фазите, методологијата и улогата на Локалниот Совет за Превенција изврши г-ѓа Јана Напа, претставник од ОБСЕ-мисија во Скопје. Таа меѓу другото го објасни работниот систем, фазите кои треба да се следат и зошто е важно да се склучи договор за учество во ЛСП.





По презентацијата и заслужената пауза, учесниците дискутираа за различни проблеми и теми, кои би биле предмет за работа на Локалниот Совет за Превенција. За збор се јавија пратеникот во Собранието на РМ, г-ѓа Цветанка Иванова, заменик народниот правобранител, г-ѓа Славјанка Михајловиќ, претставникот од НВО ИЗБОР, г-динот Сократ Манчев, директорот на СОУ ,,Димитар Влахов,, г-ѓа Слаѓана Даова, раководителот на дирекцијата за справување со кризи, г-динот Милан Русев, претставникот од македонската православна црква, отец Арсениј и др. заинтересирани присутни.
Беа истакнати проблемите со злоупотребата со дрога, малолетничката деликвенција и проституција, питачењето, недоличното однесување на малолетниците, лошото паркирање на возила на улиците и булеварите, дивите депонии, бучавата од локалите и други.
Градоначалникот на општина Струмица особено ги потенцира проблемите со:
-шумската кражба во околината на Струмица,
-младите со мотори и
-дивите депонии.
Тој истакна дека тоа се приоритети на кои веќе се работи и се преземаат мерки и активности за надминување на проблемите. По исцрпната дискусија од присутните, Градоначалникот на општина Струмица официјално го прогласи Локалниот Совет за Превенција на општина Струмица за конституиран, со објаснување дека во наредниот период со институциите и организациите ќе се склучи договор за учество и работа во ЛСП, а објави и дека за еден месец ќе се случи и втората средба на ЛСП, на која ќе се реферира за приоритетите и ќе се поднесат податоци за останатите проблеми, со цел за започнување на конкретни активности.

2008-3-7


13.03.2008 | ДЕН НА ДРВОТО –ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА. Акцијата Ден на Дрвото - Засади ја својата иднина, усшпешно беше спроведена и на територија на Општина Струмица. На површина од 10 ха, бесправно исечена шума на локалитетот „Чам-чифлик“, во близина на Цареви Кули над градот Струмица, беа посадени 15.000 садници Црн Бор и 5.000 садници Туја.

 





Во реализацијата на оваа акција за здрава животна средина и разеленување на Струмица масовно учество зедоа 1.500 граѓани, ученици, грагански организации, фирми и релевантни институции од општината. Дрвцето кое живот значи, подарок од учениците, учесници во Струмичкиот Карневал, симбол на исконсите детски души, порака за нивна сигурна иднинана, Градоначалникот го посади на голините на „Чам –чифлик“ како потсетник за Граганите на Струмица за заедничката грижа за нашите деца, за нивен сигурен живот во здрава животна средина.





На голините на овој локалитет дрвце на својата иднина посадија и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев и Абасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере и голем број истакнати личности од општественото живеење на заедницата.







Дрвце посадија и Претставник од Владата на РМ, Заменик Министерот за труд и социјална политика Ајдуван Мамудов и претсатвниците на Иницијативниот Одбор, Семејството Врчаковски и членовите на групата Нокаут.


2008-3-6


13.03.2008 | СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2008. „Она што го гледам јас оваа година е фантастично, вашиот Карневал во Струмица е најдобар во Европа“, изјави претседателот на Европска карневалска федерација ФЕCC, Фердинанд Вандер Крон по завршувањето на Струмичкиот карневал 2008.

 





Над 40.000 луѓе низ улиците на Струмица ја проследија Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2008.
Почетокот на карневалот беше означен со спектакуларен огномет во траење од 15 минути. Во 19 часот, точно 1700 светлечки проектили го запалија небото на Струмица.





Во карневалската поворка продефилираа над 3000 маскирани групи поделени во 70 групи. Учествуваа групи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна гора.
Официјалното карневалското дефиле траеше 4 часа по што се префрли низ рестораните и кафулињата и заврши во среда наутро.
Помеѓу високите гости кои го проследија карневалот беше и Амбасадор на ЕУ во Република Македонија, Ерван Фуере.

Во среда напладне, стручното жири ги соопшти најдобрите маски.
Маската „Иминиите“, дело на учениците и наставниците од ОУ „Маршал Тито“ од Струмица, ја освои првата награда во категорија група со над 50 учесници.
„Африка“ е најдобра во категорија до 20 учесници, а во категоријата над 10 учесници, за најдобра маска е прогласена „Струмичките Баварци со нивните госпожи“.
Во категоријата мала група-изворна тема, најдобра е „Троглавата ламја“.
Маската „Астеци“ е најдобра во категоријата слободна тема, а „Дрвокрадци“ во поединечна изворна тема.
„Кинеската кралица“ е прогласена за најдобра поединечна маска на слободна тема, а наградата за музичка група ја доби составот „Најмлади Агушеви“.
Вкупниот награден фонд на Струмичкиот карневал изнесуваше 5500 евра.













© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544