Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Април 2008

2008-4-6


16.04.2008 | ИЗВЕСТУВАЊЕ - за пријавените кандидати за полагање возачки испит од „М“ категорија
СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за пријавените кандидати за полагање возачки испит од „М“ категорија



СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе се спроведе во сабота на 19.04.2008 година во просториите на ОУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ„-СТРУМИЦА и тоа во два термини:

Во терминот од 13,00 часот ќе полагаат кандидатите со приемен број на пријавата од 1 до 80, а во терминот од 15,00 часот кандидатите со приемен број на пријавата од 81 па нагоре.
(види прилог Преглед)

Кандидатите се должни со себе да понесат документ за идентификација со фотографија (ученичка книшка, лична карта или патна исправа) пред Комисијата за спроведување на испитот.
Испитот ќе трае 60 минути.
Заради успешно и навремено спроведување на самиот испит нема да се толерираат доцнењето и неодговорното однесување на пријавените кандидати.

Ви посакуваме успех.

НАЧАЛНИК НА СВР

Марјан Наковски



2008-4-5


15.04.2008 | СО ИНТЕРЕС ПРОСЛЕДЕНА ЕДУКАЦИЈАТА ОД СООБРАЌАЈНО - ВОСПИТНАТА АКЦИЈА ,,ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ СО МОТОР ВО СООБРАЌАЈОТ,,
Во саботата, на 12 април 2008 година, во преполнетата сала на Домот на АРМ-Струмица, со голем интерес од младите учесници во сообраќајот, беше проследена едукацијата од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,...

Во саботата, на 12 април 2008 година, во преполнетата сала на Домот на АРМ-Струмица, со голем интерес од младите учесници во сообраќајот, беше проследена едукацијата од сообраќајно-воспитната акција ,,Поголема безбедност на велосипедисти со мотор,,.

Пригодно, на младите учесници во сообраќајот, им се обрати градоначалникот на општина Струмица, г-динот Зоран Заев. Тој истакна дека оваа акција има голема важност особено за младите учесници во сообраќајот, бидејќи тие поради незнаење, неискуство, непримерно однесување и сл. предизвикуваат непосредна опасност или сообраќајна незгода и најчесто се повредени и со предизвикана значителна материјална штета.
Потоа, на присутните им се обратија началникот на СВР-Струмица, г-динот Марјан Наковски, претставникот од ОБСЕ-Оддел за развој на полицијата, г-ѓица Јана Напа и претставникот од МВР-Скопје, полициски советник во секторот за јавен ред и мир, г-ѓа Жаклина Просароска.
На средбата присуствуваа и командирот на ПС-Струмица, г-динот Тони Божиков и командирот на ПС за БПС, г-динот Дејан Ефтимов. Стручниот дел на едукацијата им беше предаден на Васе Јанев-полициски службеник, Марјан Младеновски-сообраќаен инженер и Ѓорги Марчин - професор од СОУ ,,Никола Карев,, - Струмица.
Во организација на МВР-СВР Струмица и општина Струмица, а во соработка со мисијата на ОБСЕ-Оддел за развој на полицијата, сообраќајно-воспитната акција започна пред еден месец, со прибирање релевантни податоци за идентификуваниот локален проблем-младите со велосипеди со мотор, или познатите скутери, веспи или мопеди, за кои младите учесници се или премлади за управување на такво превозно средство или пак немаат положено возачки испит за управување велосипед со мотор.
Од околу 600 ученици, колку што беа запишани од основните и средните училишта од општина Струмица, околу 480 се пријавиле за едукација, а до денот на едукацијата околу 150 се пријавиле за полагање за здобивање со правото на возачка дозвола за националната категорија ,,М,,. Со обезбедени средства од општина Струмица, на сите учесници во оваа акција е овозможено полагањето на возачкиот испит да биде бесплатно, односно тие ги поднесуваат трошоците само за административни таксени марки.

Местото и терминот на полагање дополнително ќе бидат утврдени на оваа веб страна.

2008-4-4


10.04.2008 | ОДРЖАНА НУЛТАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка....

Подобрени услови во образованието, квалитетна инфраструктура, згрижување и заштита на ранливите групи, и развој на руралните средини се темите на кои Струмичани во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат шесте милиони денари од Општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Верувам дека проектот „Форуми на заедницата„ ќе не надогради како општина, а се надевам дека и проектната задача која ќе ја одбереме да ја реализираме ќе ја сработиме и реализираме како што треба а со тоа ќе им возвратиме на граѓаните кој учествуваат во проектот - рече Градоначалникот Зоран Заев. За него најважно е граѓаните сами да одлучат што им е потребно и што им прави проблеми во секојдневното живеење.

За разлика од првиот човек на Струмица граѓаните имаат свои желби во што да се вложат парите од „Форумот на заедниците„. Струмичани пак задоволни што ќе можат да учествуваат во ваков вид на имплементација на проекти иако сметаат дека и до сега биле почитувани и сослушани за нивните проблеми.
Радува фактот што во проектот се опфатени сите структури на граѓани, само така може до израз да дојдат сите круцијални идеи на граѓани, здруженија, невладини организации, претставници од институции. Освен тоа преку овој проект може да се создадат цврсти партнерства од кој подоцна сите ќе бидат задоволни - Вели Живко Заев - пензионер.

Мислам дека доста демократски е направен проектот „Форуми на заедниците„ ми се допаѓа тоа што Општината ги дала насоките и стратешките цели а граѓаните треба да одлучат каде и во што ќе ги насочат и употребат парите – вели Слаѓана Даова директор на СОУ„Димитар Влахов„ од Струмица.
Шест милиони денари би требало да се искористат во развој на еколошко производство - смета Душко Стоилов – земјоделец од Струмичко.

Претставниците на ЦИРА и Швајцарската агенција за развој и соработка велат дека целта е постигната, убаво е да се видат задоволни лица кои едвај чекаат да го работат и да го спроведат проектот во својата општина.

2008-4-3


08.04.2008 | КОНСТИТУИРАН ДЕТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА.
Свечено, во демократски изборен процес, на 07.04.2008 година во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, беше конституиран Детскиот парламент во општина Струмица. На конститутивната седница присуствуваа избрани пратеници-ученици од основните и средните училишта од општина Струмица, нивните координатори, претседателот на Младински совет...

Свечено, во демократски изборен процес, на 07.04.2008 година во големата сала на Домот на АРМ во Струмица, беше конституиран Детскиот парламент во општина Струмица.



На конститутивната седница присуствуваа избрани пратеници-ученици од основните и средните училишта од општина Струмица, нивните координатори, претседателот на Младински совет-Струмица, членовите на управниот одбор на Младински совет-Струмица, претставници од Советот на општина Струмица, членови на постојаната Комисија за заштита на правата на децата при општина Струмица, директорите на основните и средните училишта од општина Струмица, поканети гости и претставници од медиумите.

Успешна и плодна работа на пратениците им посака претседателот на Младински совет-Струмица, г-динот Зоран Заев, кој меѓу другото, рече дека ,,во овој процес на создавање на овој прв детски парламент, ние возрасните ќе бидеме набљудувачи и ќе создаваме можности за реализирање на креациите на оваа млада генерација, која ќе се гордее со своите дела и ќе ствара и за идните генерации, кои по нив доаѓаат,,.

Детскиот парламент, составен од Долен дом-со пратеници од основните училишта од општина Струмица и Горен дом-со пратеници од средните училишта од општина Струмица, ја доби својата форма со читањето на одлуката за конституирање на Детски парламент и свечената изјава на пратениците, кои во еден глас се обврзаа дека ќе ја извршуваат својата функција врз основа на Конвенцијата за правата на децата, Уставот на РМ, позитивните законски прописи, статутот на Младински совет-Струмица и Кодексот за работа на детскиот парламент. Беа именувани првите членови на претседателството на Детскиот парламент: Теодора Маринова, Манчев Димитар и Здравков Гоце.



Нека им е честит изборот и нека Детскиот парламент си ја остварува својата статутарна обврска и задача.

2008-4-2

08.04.2008 | ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ.
Општина Струмица започна со имплементација на проектот за едукација на високообразовни кадри од областа на компјутерската техника и менаџментот. Проектот предвидува формирање Институт за Применета Технологија кој ќе биде сместен во простории од Дом на АРМ, кои за оваа цел ќе бидат соодветно опремени со сите неопходни средства за извршување на обуките...

Обуката се планира да се изведува во период од 4 месеци, во кој период ќе се изучува напредно програмирање преку програмите JAVA (јава), C++ (це плус плус), .NET (дот нет) и други, менаџирање и дизајн на бази на податоци како и да се стекнат основните познавања од областа на менаџментот без кои не може да се замисли раководењето на било која институција или компанија. Исто така, цел на Институтот е стекнување практично знаење, работни навики, работни односи и работна етика.
Институтот ќе обезбеди релевантни тренери и професори од земјава и странство, сертификат со препознатлива тежина и значење, но и медијација при професионалниот ангажман на студентите.
Осумчлена екипа веќе активно работи за остварување на целите и мисијата на проектот. Истите се достапни за сите информации на телефон 340-659. Ги повикуваме сите студенти и невработетени кадри кои сакаат да се вклучуват во проектот како и сите компании кои сакаат да ангажираат програмер да се јават за подетални информации.

Проектот е финансиран од Eвропската Aгенција за Реконструкција преку CARDS програмата за добрососедство во пограничниот регион.

2008-4-1


07.04.2008 | 7 АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО.
Учениците од здравствената струка при Средното општинско училиште Димитар Влахов – Струмица го одбележаа Светскиот ден на здравјето со конкретни активности покажувајќи ги на дело стекнатите знаења од струката. Во холот на училиштето, со помош на нивните професори, организираа здравствени прегледи за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвен притисок наменет за учениците и професорите...

Учениците од здравствената струка при Средното општинско училиште Димитар Влахов – Струмица го одбележаа Светскиот ден на здравјето со конкретни активности покажувајќи ги на дело стекнатите знаења од струката.

Во холот на училиштето, со помош на нивните професори, организираа здравствени прегледи за мерење на шеќер во крвта и мерење на крвен притисок наменет за учениците и професорите.
Учениците испратија пораки до надлежните институции и Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Градоначалникот им се заблагодари на пораките по повод Светскиот ден на здравјето и изрази надеж дека учениците од здравствената насока при СОУ Димитар Влахов својата професионална иднина ќе ја посветат на животната иднина на струмичани и на нивното здравје.

“Ако среќен човек е здрав човек, тогаш Ви посакувам да бидете среќни цел живот” им порача Градоначалникот Заев.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544