Честитки до граѓаните на Општина Струмица по повод 1 Мај

Денес, Градоначалникот Зоран Заев упати честитка до граѓаните на Општина Струмица по повод 1 Мај – Денот на трудот. “Со најискрени желби за пристоен и достоинствен живот Ви го честитам Денот на трудот посакувајќи што побрзо европскиот животен стандард да го почуствува македонскиот работник, но и со надеж дека во годините што следат многу повеќе луѓе ќе имаат повод да го празнуваат денешниот ден”, се вели во честитката од Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.