Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2008

2008-5-4

08.05.2008 | ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА ОД ПРОЕКТОТ “ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“
Просторна инфраструктура, едукација и подигање на јавната свест и јавни површини се проблемите што ги дефинираа жителите на општина Струмица на сесијата што се одржа во четвртокот, 8.мај, во Домот на армијата. Во присуство на околу 100 жители на општината и жива работна дискусија, со интерактивна комуникација и свои идеи, присутните на првата форумска...

Просторна инфраструктура, едукација и подигање на јавната свест и јавни површини се проблемите што ги дефинираа жителите на општина Струмица на сесијата што се одржа во четвртокот, 8.мај, во Домот на армијата.
Во присуство на околу 100 жители на општината и жива работна дискусија, со интерактивна комуникација и свои идеи, присутните на првата форумска сесија ги групираа приоритетните прашања според видот на проблемите.

“Акцентот беше ставен токму на проблемите во градот каде граѓаните имаа можност да лоцираат прашања со кои се среќаваат секојдневно, а ќе имаат шанса да посочат колку луѓе ги делат истите проблеми што ќе се разгледуваат во наредните месеци и разработуваат во проектни идеи“, изјави модераторот на програмата Светлана Миленкова.
Таа додава дека е задоволна од одзивот на граѓаните бидејќи освен тие од минатата сесија, присутни беа и нови лица, што подразбира дека програмата се смета за сериозна и значајна за нивната општина.

“Ова е можност сите заедно да вежбаме демократија и секако, главната цел е граѓаните сами да одлучуваат за одлуките и проблемите што се решаваат на локално ниво„, заклучува Миленкова.
Меѓу проблемите за кои се дебатираше доминираа недостаток на дневни центри со посебни потреби, простории за изведување кабинетска настава во образованието, спортски објекти, изградба на патишта, патеки, детски и младински центар, туристички локалитети, културно-уметнички активности, сообраќајна поврзаност, недостаток на стручна литература во библиотека и други. Со модераторот на проектот се согласија и Струмичани. Тие сметаат дека им се дава можност за прв пат да се изјаснат и да се слушне нивниот глас.
“Најважно е да се решат проблемите од земјоделието“, вели Диана Стоичевска, чија работна маса предложи Едукативен центар каде ќе се образуваат сите граѓани без оглед на возраста. Гоце Здравевски вели дека е најважно да се опремат кабинети за настава во училиштата, за да конечно учениците можат и практично да се запознаат со наставната содржина. Велосипедска патека, канализационен проблем, недостаток на скејт парк и место каде младите ќе може креативно да се изразат се проблемите што ги предложи Митко Гогов, член на работната маса култура. Тој додаде дека му се допаѓа како е осмислен процесот низ кој тече програмата Форуми во заедницата. Неговата работна маса смета дека се уште е рано да се преудицира за тоа кој проект би можел да победи, но сакаат да направат проекти со кои ќе се извршат промени во градот. Сесијата, составена од 10 работни маси, формираше работни групи кои ќе ги истражуваат дефинираните проблеми, а кои во натамошните сесии ќе произлезат со конкретни решенија и проекти. Гласање за избор на проекти ќе се реализира во шестата сесија. Гласањето за избор на проекти ќе се изврши на тој начин што секоја работна маса носи еден глас, кој што го донесува консензуално. Главната тема на форумот е локален економски развој која опфаќа четири подтеми и тоа: подобрување на условите за образование, обезбедување квалитетна инфраструктура, заштита на ранливи групи и развој на рурални средини.
Наредната сесија е закажана за 3.јуни.

2008-5-3


05.05.2008 | ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА НА ЦАРЕВИ КУЛИ. По едногодишни археолошки истражувања и подготовки, денеска беше поставен камен темелникот за реставрација на еден од најпрепознатливите белези на Струмица - Цареви кули. Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, го постави камен темелникот за реставрација и конзервација на тврдината, а поставувањето го освети Митрополитот Струмички Господин Наум...

„Таа е првата тврдина во Македонија која што ја гради една општина, со помош на европски средства од европските фондови. Другите коишто постојат во државата се од буџетски средства од Владата на Република Македонија“, рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

455.000 евра е вкупната вредност на проектот финансиран од европските фондови и Општина Струмица кој опфати: истражување, конзервација, реконструкција и реставрација на Царевите кули, и меѓународна промоција на историскиот споменик со досега најширок спектар на промотивни материјали. Реализацијата на проектот е планирано да заврши до крајот на август.

2008-5-1


01.05.2008 | ЧЕСТИТКИ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ПО ПОВОД 1 МАЈ. Денес, Градоначалникот Зоран Заев упати честитка до граѓаните на Општина Струмица по повод 1 Мај - Денот на трудот. “Со најискрени желби за пристоен и достоинствен живот Ви го честитам Денот на трудот посакувајќи што побрзо европскиот животен стандард да го почуствува македонскиот работник, но и со надеж дека во годините што следат многу повеќе луѓе ќе имаат повод да го празнуваат денешниот ден”, се вели во честитката од Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев.


Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544