Се уредуваат паркови површини во Сачево и Просениково

Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ продолжуваат со реализацијата на проектот за уредување на 50 локации за одмор и релаксација во населените места и градот.

Пред два дена беше завршено уредувањето на новата паркова површина во населеното место Градско Балдовци со поставување летниковец, клупи и друга урбана опрема, а извршено е и хортикултурно уредување.Деновиве се работи и на планираните локации во населените места во Просениково и Сачево. И таму ќе има летниковци, патеки со бекатон плочки, урбана опрема, тревни површини и хортикултурно уредување. По комплетното завршување, жителите на овие две населени места ќе имаат прекрасни катчиња за одмор и релаксација.Со проектот за уредување на 50 нови локации во општина Струмица ќе биде опфатена површина од 10 илјади метри квадратни. За сите локации се направени проекти во кои се испочитувани желбите и потребите на граѓаните.