Започнаа јавните собири во месните заедници

Отпочнаа јавните собири во сите урбани односно месни заедници заради идентификување на проблемите и потребите на граѓаните и  нивно приоритизирање.

Се известуваат граѓаните на општина Струмица дека во периодот од 24 октомври до 16 ноември 2008 година, на иницијатива на градоначалникот Зоран Заев, согласно законските и стаутарните овластувања, отпочнаа јавните собири на граѓаните во урбаните, односно месните заедници.

Планот за одржување на јавните собири – денот, часот и местото е објавен во просториите на урбаните, односно месните заедници, на општинската огласна табла, како и на официјалниот општински веб сајт.