Св. 15 Тивериополски свештеномаченици – заштитници на Струмица

Денес, Струмица ги празнува заштитниците на градот и со пригодни свечености ќе биде одбележен Денот на Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Во 09 часот во црквата „Св. Петнаесет тивериполски свештеномаченици“ ќе биде одржана света божествена архиерејска литургија, на која по традиција присуствуваат илјадници верници.

Во 12 часот во Домот на АРМ ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Струмица на која Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ќе ги додели наградите на овогодишните добитници на годишната награда на Општина Струмица Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици. На свечената седница ќе бидат доделени и наградите по конкурсот за литературни творби посветени на Струмица.

Во 13 часот во Општинската библиотека “Благој Јанков Мучето” ќе бидат доделени наградите за најдобри читатели, а утре на 12.12.2008 во 12 часот ќе биде промовирана книгата “Коприви” од авторот Наташа Василевска Трајчевска. Промотор на книгата е Ѓорги Калајџиев, Ефтим Клетников и Веле Смилевски.

Исто така ве информираме дека на 15.12.2008 во 14.00 часот во просториите на библиотеката ќе се отвори саем на книгата кој ќе трае се до 21.12.2008 – недела. На денот на отварање на саемот на книга во 15.00 часот ќе се промовира компакт диск со поезија во електронска форма на роднокрајни автори. Промотори на ова електронско издание се: Иван Котев и Киро Донев.