Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јануари 2007

2007-1-4

04.01.2007 | Иницијатива на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев за отварање на канцеларија на Бугарската амбасада во Струмица. Имајќи ги в предвид долгите редици на граѓани пред Бугарската Амбасада во Скопје, Градоначалникот Заев, покрена иницијатива за отварање канцеларија за издавање на бугарски визи во Струмица. Овој предлог Градоначалникот на општина Струмица дирекно му го соопшти на Бугарскиот Претседател Георги Прванов при неговата неодамнешна посета на Струмица.

2007-1-3

04.01.2007 | Согласно член 22 и 23 од законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.62 од 28.07.2005г.) во рамките на проектот – Креирање на работни места, компонента Субвенции за плата – поддржан од УНДП, Општина Струмица објавува, ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на лица со посебни потреби.

 

Критериуми за поднесителите:
Молби може да поднесат лица до 30 год возраст и помлади
Лица со посебни потреби
Лица со завршено средно образование и повисоко
Лица со и без работно искуство кои активно бараат работа најмалку  12 месеци

Потрбна документација за конкурирање:


  • Молба на барателот
  • Потврда од Центарот за вработување (доказ за невработен)
  • Копија од лична карта
  • Кратка биографија (по можност)
  • Наод и мислење од доктор
  • Молби да доставуваат лица жители на Општина Струмица

    Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 12.01.2007г.
    Бараните документи да се достават во Одделението за Локален Економски Развој во Општина Струмица соба бр.10.

2007-1-2

01.01.2007 | 14:51 часот | Првото новороденче во Новата 2007 година е здраво машко дете, на кое Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  му подари штедна книшка со износ од 10.000 денари и други подароци.

2007-1-1

01.01.2007 | 00:30 часот | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев во Новогодишната ноќ ги посети и ја честиташе Новата година во Подрачната единица на МВР - Струмица, Службата за брза помош при Медицински центар – Струмица,  Центарот за управување со кризи и Против пожарната служба. На сите овие институции Градоначалникот им  подари пригодни подароци.











Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544