Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Февруари 2007

2007-2-3

04.02.2007 | Одбележана 135 годишнината од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во склоп на свеченостите организирани по тој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи цвеке пред споменикот на истоимениот плоштад и одржа реч за Апостолот на Македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство Гоце Делчев.

2007-2-2

02.02.2007 | Вчера на состанокот на Локалната лидерска група е усвоена Платформата за развој на Општина Струмица до 2015 година. Оваа платформа во која е вградена визијата за Општина Струмица до 2015 година, покрива пет клучни области: економија, образование, здравство, социјална свера и животна средина,    од кои произлегуваат и петте стратешки цели за развој на Општина Струмица до 2015 г, врз кои се базираат пoвеќето развојни програми и проекти.



Општина Струмица беше  една од трите селектирани општини во Република Македонија каде преку проектот Градење на капацитетите на локалните власти, граѓанските организации и домашниот деловен сектор за учество во процесите за намалување на сиромаштијата и милениумските развојни цели во Македонија, како и соработката со Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Виена се спроведоа повеќе обуки и работилници во текот на минатата година, за да сите овие активности резултираат со изработка на Платформа за развој на Општина Струмица до 2015 година која е од клучно значење во однос на подготовката на општината кон отварањето на предпристапните фондови и приближување кон Евро интеграциите.



2007-2-1

01.02.2007 | Денес Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски престојува во Струмица. Во рамките на неговата посета е предвидена средба со Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Неговата посета е на покана на Заедницата на единиците на локалната самоуправа која денес и утре во хотелот Сириус ке ја одржи 20 седница на Управниот одбор.

 



На средбата е предвидено членовите на Управниот Одбор на ЗЕЛС и Претседателот Црвенковски да разменат мислења околу актуелните состојби во процесот на децентрализација на локалната самоуправа во Република Македонија. На седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС ќе бидат разгледувани и дадени на усвојување Акциониот план за активностите на ЗЕЛС за 2007 и Буџетот на ЗЕЛС за 2007 година.



На дневен ред е и разгледувањето на актуелните состојби во областа на урбанизмот и справувањето со бесправно изградените градби, како и информација за активностите во рамките на Проектот за децентрализација на образованието –ПЛУМ.

Страница 3 од 3

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544