Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Февруари 2007

2007-2-9

20.02.2007 | Отворена првата туристичка инфо точка во Струмица. Здружението на граѓани љубители на историјата, археологијата, историјата на уметноста и хералдиката Аквила Ауреа Македоника со подршка на Општина Струмица и IMG ја отвори првата туристичка инфо точка – сувенирница во Струмица.

 



Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им честиташе на членовите на Аквила Ауреа Македоника и им посака што поголем број на туристи да го посетаат овој објект и да ги добиваат вистинските информации за Струмица.



Во сувенирницата, која се наоѓа на Плоштадот Гоце Делчев, може да се најдат сите пропагадни материјали од Општина Струмица и тоа: туристички водич, разгледници, мултимедијално ЦД, мапа на градот како и разни сувенири од историјата на градот и Македонија.

2007-2-8

19.02.2007 | Почитувани граѓани на Република Македонија, Ве поканувам да ја посетите Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Датум: 20.02.2007 година (вторник),  Почеток:18:30 часот.
Градоначалник на општина Струмица
Зоран Заев
.

2007-2-7

13.02.2007 | Објавен ЈАВЕН  ПОВИК за вклучување на трговски друштва  во проектот ЕМY (фаза 2). Со цел поттикнување на вработувањето на млад кадар, Општина Струмица реализира проект за посредување и поврзување на правните  субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар и невработени  млади  лица.

Интерес за учество во проектот можат да најават сите заинтересирани трговски друштва (регистрирани компании), невладини организации, јавни претпријатија и институции на територијата на Општина Струмица

Постапка за користење на проектните услуги:
- Прибирање на интересот за користење на волонтери
- Специфицирање  на потребата за стручен кадар
- Селекција на соодветни кандидати
- Потпишување на договор
- Реализација на волонтерската пракса во период 12.03 до 12.06.2007 година.

Најавата на интересот за соработка се поднесува со испраќање на писмо или директно во канцеларијата  на проектот на адреса:
Општина Струмица 
Лице за контакт: Тања Кљанкова
Ул .Сандо Масев бр:1;    
Тел/факс:034/340-224;Краен рок за пријавување на потребата за ангажирање на волонтери е 5 дена од објавување на повикот.

2007-2-6

12.02.2007 | Објавен ЈАВЕН  ПОВИК за вклучување на млади невработени кадри   во проектот ЕМY (фаза 2). Со цел поттикнување на вработувањето на млад кадар, Општина Струмица реализира петмесечен проект на посредување и поврзување на правните  субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар и невработени млади  лица. Јавниот повик се однесува за 30 волонтери.

Интерес за учество за волонтирање можат да најават сите заинтересирани млади  кадри, до 35 години, без работно искуство кои се жители на Општина Струмица.

- Постапка за користење на проектните услуги: 
- Прибирање на интересот за волонтирање преку поднесување на CV и пополнување на апликационен формулар;
- Специфицирање  на потребата за стручен кадар;
- Селекција на соодветни кандидати;
- Потпишување на договор;
- Реализација на волонтерската пракса во период од 12.03.2007-12.06.2007 година.

Најавата на интересот за волонтирање се поднесува со доставување на документи  директно во канцеларијата  на проектот, на адреса:

Општина Струмица
Лице за контакт:Кљанкова Тања
Ул . Сандо Масев бр:1;      
Тел/факс:348-024Краен рок за пријавување на потребата за ангажирање на волонтери е 7 дена од објавување на повикот (20.02.2007 година).

2007-2-5

09.02.2007 | Потпишани договорите за првите проекти за преку гранична соработка меѓу Струмица и Петрич. Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во Секретарјатот за Европски прашања при Владата на РМ, ги потпиша договорите за проектот “Од луѓе за луѓе” (грант од ЕУ 32.223 евра) и “Реконструкција на Цареви кули” (грант од ЕУ 289.000 евра).

 



Општина Струмица и Општина Петрич аплицираа на двата повици објавени од Европската агенција за рекострукција. Проектите на Општина Струмица од страна на ЕУ беа селектирани и внесени во програмата на ЕУ за реализација.

2007-2-4


08.02.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица за 15.02.2007 година (четврток)  во 11.00 часот.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544