Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

2007-4-4

13.04.2007 | Синоќа, промовирани веб порталот на струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com и Информативниот систем за движење на цените на земјоделските производи на пазарите во Македонија, Албанија, Србија и Хрватска, www.agroinfo.com.mk

 

Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово и Василево), синоќа во хотелот Сириус ги промовираше реализираните проектни активности подржани од ГТЗ Редем. На промоцијата на проектите присуствуваа над 200 гости, претежно стопанственици.



Реализацијата на проектите беше поздравена од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и од претставникот на ГТЗ Редем Александар Караев. 





Проектот веб портал на струмичкото стопанство, www.strumicaeconomy.com, е прв портал на стопански субјекти изработен од општини, прв Македонски портал на кој во овој момент се претставени 171 компанија.

Основна причина поради која што Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион изработи проект за интернет промоција на струмичкото стопанство  е фактот дека во струмичкиот микро регион егзистираат голем број на стопански субјекти од различни профили кои што немаат сопствена вeб промоција т.е се недоволно промовирани, а тие што имаат слабо или недоволно ги чуствуваат повратните  позитивни ефекти од истата, бидејки настапуваат поединечно, самостојно. Слабата промоција на стопанските субјекти претставува пречка за нивен поголем економски развој и развојот на целокупниот регион воопшто.

Целта на проектот е:

• промоција на целокупниот бизнис сектор во струмичкиот микро регион по дејности.
• поединечна промоција на секој стопански субјект во струмичкиот микро регион, со негови генералии, дејност, како и комплетен асортиман на производи.
• Вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко.

Во овој момент поголем дел од содржините на веб порталот се достапни освен на Македонски, на Англиски, Грчки и Бугарски јазик.



Проектот информативен систем за движење на цените на земјоделските производи на пазарите во Македонија и регионот создаде информативен веб портал www.agroinfo.com.mk, прв од ваков тип во Р. Македонија кој има за цел да ги информира сите засегнати страни за движењето на цените на земјоделските производи. На овој портал ќе можат да се најдат дневните цени на земјоделските производи на пазарите во Македонија (Струмица, Скопје, Штип, Кочани, Гевгелија), на пазарот во Србија (Белград), Хрватска (Загреб, Сплит)  и Албанија (Тирана). Во блиска иднина информативниот систем ќе биде проширен и со цени на земјоделските производи на пазарите во Бугарија, Грција, Русија и Украина. На овој портал исто така можат да се најдат статистички податоци за извозот на земјоделски производи, информации за имплементирање на стандарди HACCP, EUREPGAP, информации за кредитни линии за земјоделски производители и друг вид на информации од областа на земјоделието.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544