Градоначалникот Заев оствари средба со генералниот Конзул на Р. Бугарија

Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев оствари средба со генералниот Конзул на Република Бугарија во Битола, Наум Кајчев. На средбата која се одржа во кабинетот на Градоначалникот, меѓу другото стана збор за начинот за олеснување на визниот режим со пограничните региони.