Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Април 2007

2007-4-5

13.04.2007 | Синоќа, Раководителот на Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион, Зоран Горгиев потпиша меморандуми за соработка со Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет, Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија, и Сојзот на стопански комори на Македонија.

 



Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион претставуван од Раководителот Зоран Горгиев и  Српскиот центар за модернизација на земјоделието Агронет претставуван од Потпретседателот Драган Мирковиќ, потпишаа меморандум за соработка со цел:



• Координирана размена на податоци за цените на земјоделските производи;
• Информации за можностите за реализација на заеднички проекти;
• Соработка во подготовка на проекти;
• Заеднички настап пред донатори;

Ваков меморандум беше потпишан и со Еrald Lamja претставник на  Институтот за информации и маркетинг во земјоделието III – Albamis, од Тирана Албанија.



Исто така вчера Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион и Сојузот на стопански комори на Македонија ја официјализираа соработката потпишувајки официјален меморандум.  ССК беше претставувана од извршниот директор Никола Ефтимов.

2007-4-4

13.04.2007 | Синоќа, промовирани веб порталот на струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com и Информативниот систем за движење на цените на земјоделските производи на пазарите во Македонија, Албанија, Србија и Хрватска, www.agroinfo.com.mk

 

Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион (Општина Струмица, Ново село, Босилово и Василево), синоќа во хотелот Сириус ги промовираше реализираните проектни активности подржани од ГТЗ Редем. На промоцијата на проектите присуствуваа над 200 гости, претежно стопанственици.



Реализацијата на проектите беше поздравена од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и од претставникот на ГТЗ Редем Александар Караев. 





Проектот веб портал на струмичкото стопанство, www.strumicaeconomy.com, е прв портал на стопански субјекти изработен од општини, прв Македонски портал на кој во овој момент се претставени 171 компанија.

Основна причина поради која што Центарот за локален економски развој на струмичкиот микро регион изработи проект за интернет промоција на струмичкото стопанство  е фактот дека во струмичкиот микро регион егзистираат голем број на стопански субјекти од различни профили кои што немаат сопствена вeб промоција т.е се недоволно промовирани, а тие што имаат слабо или недоволно ги чуствуваат повратните  позитивни ефекти од истата, бидејки настапуваат поединечно, самостојно. Слабата промоција на стопанските субјекти претставува пречка за нивен поголем економски развој и развојот на целокупниот регион воопшто.

Целта на проектот е:

• промоција на целокупниот бизнис сектор во струмичкиот микро регион по дејности.
• поединечна промоција на секој стопански субјект во струмичкиот микро регион, со негови генералии, дејност, како и комплетен асортиман на производи.
• Вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко.

Во овој момент поголем дел од содржините на веб порталот се достапни освен на Македонски, на Англиски, Грчки и Бугарски јазик.



Проектот информативен систем за движење на цените на земјоделските производи на пазарите во Македонија и регионот создаде информативен веб портал www.agroinfo.com.mk, прв од ваков тип во Р. Македонија кој има за цел да ги информира сите засегнати страни за движењето на цените на земјоделските производи. На овој портал ќе можат да се најдат дневните цени на земјоделските производи на пазарите во Македонија (Струмица, Скопје, Штип, Кочани, Гевгелија), на пазарот во Србија (Белград), Хрватска (Загреб, Сплит)  и Албанија (Тирана). Во блиска иднина информативниот систем ќе биде проширен и со цени на земјоделските производи на пазарите во Бугарија, Грција, Русија и Украина. На овој портал исто така можат да се најдат статистички податоци за извозот на земјоделски производи, информации за имплементирање на стандарди HACCP, EUREPGAP, информации за кредитни линии за земјоделски производители и друг вид на информации од областа на земјоделието.

2007-4-3

10.04.2007 | На покана на Македонската Црковна Општина од Пјаченца, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  денес и утре ќе престојува во Пјаченца, Италија. Во рамките на посетата денес Градоначалникот Зоран Заев ќе оствари средба со Градоначалникот на општина Пјаченца Roberto Reggi.

2007-4-2

10.04.2007 | Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро-регион, Ве поканува на презентација на реализирани проектни активности подржани од ГТЗ РЕДЕМ кои ќе се одржат на ден 12.04.2007 година (четврток) со почеток во 19.30 часот во Хотел Сириус.

 


На презентацијата ќе бидат презентирани следниве проекти:

• Вебпортална струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com
• Информативен систем за движење на цените на понудата и побарувачката на земјоделските производи на пазарите во регионотwww.agroinfo.com.mk

Воедно ќе биде презентиран и проектот реализиран од Општина Ново Село:

• Уредување на Колешкиот водопад

Презентацијата ќе се одржи на 12 април 2007 година, со почеток во 19:30 часот,  во Хотел „Сириус“ во Струмица.

Агенда

Презентација на реализирани проектни активности на Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро регион подржани од ГТЗ РЕДЕМ

12 април  2006, Хотел Сириус, Струмица

19:35 - 19:45
Поздравно обраќање од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

19:45 - 20:00
Обраќање од Раководителот на проектот на ГТЗ РЕДЕМ

20:00 -  20:15
Презентација на Проектот:  Уредување на Колешкиот водопад

20:15 – 20:30
Презентација на Проектот: Информативен систем за движење на цените на понудата и побарувачката на земјоделските производи на пазарите во регионот www.agroinfo.com.mk

20:30 -  20:45
Презентација на Проектот: Веб портал на струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com

20:45 - 20:55
Потпишување на Меморандум на соработка помеѓу: Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро регион и Агромрежа, Белград, Република Србија; Албамис, Тирана, Република Албанија и Сојуз на стопански комори

21:00
Коктел.

2007-4-1

04.04.2007 |  Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов, закажа три седници на Советот на општина Струмица и тоа: 44 седница за 05.04.2007 година, 45 седница за 10.04.2007 година и 46 седница за 12.04.2007 година во 11.00 часот.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544