Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2007

2007-3-3

08.03.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на сите жени од Општина Струмица им го честита денот на жената 8-ми Март посакувајки им добро здравје, лична и семејна среќа, и просперитет во заложбите за што поголема застапеност на жената во општеството.

2007-3-2

08.03.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев денес предаде во употреба Паралелка за децата со посебно образовно – воспитни потреби – аутизам, кој ќе фукцинира во рамките на Основното општинско училиште “Сандо Масев” – Струмица. Паралелката за аутизам има за цел да создаде услови за инклузија на децата со посебни потреби и нивно непречено делување во заедницата. Активностите со оваа целна група  ќе ги спроведуваат стручни лица. Оваа година овој центар ќе биде сместен во простории на Детската градинка, клон 4.

2007-3-1

01.03.2007 | Интегрален текст од Прес конференцијата на Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  оддржана на местото каде се врши рекострукција на градското пазариште со негова наградба.

 

Почитувани граѓани,

Сега е точно 5мин. до 12ч. Се наоѓаме на местото каде што се врши реконструкција на градското пазариште со негова надградба.

Ја свикав оваа прес конференција сега и овде, отворено да кажам дека е 5 до 12 за целата македонска јавност да дознае со какви перфидни методи и средства се служи актуелната власт за да ги дискредитира своите политички неистомисленици.

Силната тримесечна инвазија од инспекциски служби кои буквално ја тресеа локалната самоуправа и го блокираа нејзиното нормално работење го даде очекуваниот епилог.



Државниот управен инспекторат при Министерството за правда очигледно со изразена политичка мотивација се дрзна со лажни обвинувања да изврши лична и политичка дискредитација на Зоран Заев, но и на Градоначалникот на општина Струмица и на Потпретседателот на СДСМ. И за тоа некој ќе мора дебело да одговара.

Неправдата од Министерството за правда е очигледна и провидна. На оние кои декларативно прават "преродба на Македонија" многу им пречи фактичката преродба на Струмица. Им пречи, во моментов најголемата градба во земјава, им пречи првата катна гража во Македонија, им пречат сите други бројни проекти кои доведоа до експанзија на нашава општина за која знае цела Македонијна. Вистината која ги руши сите обвинувања на моја адреса е следнава:

Надлежноста на управниот инспектор е да ја следи законитоста на водење на управните постапки. Управниот инспектор во записникот цитира управна постапка од 21.04.2003г. Истиот, согласно своите овластувања, наместо да ја следи таа постапка и роковите во кои треба да биде завршена, се става во функција со истата таа незаконита постапка да напаѓа друга постапка која е законска, притоа велејќи дека има претходно отворено прашање. За парадоксот да биде поголем, истиот управен инспектор знае дека претходното прашање кое тој го поставува од 2003г. е со законски однапред цитирана содржина согласно чл. 10 од Законот за денационализација. И згора на тоа, сето тоа е потврдено со правосилни судски пресуди од преку 10 судии од Основен и Апелационен суд.





Зачудувачки е тоа што управниот инспектор, овие правосилни судски пресуди ги нарекува илеревантни и како такви  демек неважни ги констатира во записникот.

Прашувам, дали е тоа реализација на заканите од кампањата на ДПМНЕ за време Парламентарните избори 2006, кога срдечно најавија дека по секоја цена ќе ја стопираат реконструкцијата на градскиот пазар во Струмица?

И уште еднаш прашувам: Кој врши злоупотреба на службената положба и овластувања и кој нанесува штета, дали Зоран Заев или Државниот управен инспекторат.

Да, има злоупотреба, но од државните инспекции и тоа  исклучиво со политичка мотивација со која се нанесуваат огромни, потенцирам огромни штети.
Поради тоа, најавувам тужба за кривична одговорност на државните инспекции за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Ако луѓето од Државниот управен инспекторат се издигнуваат над македонското судство, треба да знаат дека постојат меѓународни експертизи и судови кои добро си ја знаат својата работа. Но на Македонија во овој момент и е најмалку потребна уште една шлаканица од надвор. Знам само едно, изградбата на овој објект ќе продолжи и тој наскоро ќе претставува гордост не само на струмичани туку и на сите граѓани на Македонија.







Зоран Заев
Градоначалник на
Општина Струмица

Страница 3 од 3

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544