Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Март 2007

2007-3-9

13.03.2007 | Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на  30 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Отстранување и санирање на диви депонии“ на Општина Струмица , а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година“.

Врз основа на член 83, 84 и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност(Сл.весник на РМ бр. 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 7/2002, 25/2003, 37/2004 и 4/2005), Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на  30 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Отстранување и санирање на диви депонии“ на Општина Струмица , а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година“

Во јавните работи ќе бидат ангажирани 30 невработени лица и тоа:

Евидентирани долгорочно невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување во Струмица (најмалку 5 години да е во евиденција на невработени лица).
Невработени лица со минимум основно образование, кои се или не се приматели  на социјална помош.

Невработените лица ќе бидат ангажирани во период од три месеци и на истите ќе им се обезбеди паричен надоместок за извршената работа, надоместок за исхрана и надоместок за превоз. Заинтересираните невработени лица да се јават во рок од 7 дена од денот на објавување на огласот.

Невработените лица треба да ги  достават следниве документи:

1. Барање
2. Потврда од Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување Струмица дека се невработени
3. Фотокопија од лична карта
4. Само за невработените - приматели на социјална помош:Потврда од Центарот за социјални работи Струмица дека се приматели на социјална помош.

Потребните документи во затворено плико да се достават во Општина Струмица, соба бр.10.

2007-3-8

13.03.2007 | Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на 8 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица. Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Уредување на Габровски водопад“ на Општина Струмица, а во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година.

Врз основа на член 83, 84 и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Сл.весник на РМ бр. 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 7/2002, 25/2003, 37/2004 и 4/2005), Општина Струмица објавува ЈАВЕН ОГЛАС, За ангажирање на  8 невработени лица за извршување на јавни работи, односно за вршење на работи од јавен интерес на Општина Струмица.    Јавните работи се организираат врз основа на проектот „Уредување на Габровски водопад“ на Општина Струмица,  а  во рамките на „Оперативниот план за активни политики за вработување за 2007 година.

Во јавните работи ќе бидат ангажирани 8 невработени лица и тоа:

Евидентирани долгорочно невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување во Струмица (најмалку 5 години да е во евиденција на невработени лица)

Невработени лица со минимум основно образование, кои се или не се приматели  на социјална помош.

Невработените лица ќе бидат ангажирани во период од 6 (шест) месеци и на истите ќе им се обезбеди паричен надоместок за извршената работа, надоместок за исхрана и надоместок за превоз. Заинтересираните невработени лица да се јават во рок од 7 дена од денот на објавување на огласот.

Невработените лица треба да ги достават следниве документи:

1. Барање
2. Потврда од Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување Струмица дека се невработени
3. Фотокопија од лична карта
4. Само за невработените - приматели на социјална помош:Потврда од Центарот за социјални работи Струмица дека се приматели на социјална помош.

Потребните документи во затворено плико да се достават во Општина Струмица, соба бр.10.

2007-3-7

13.03.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев на 09.03.2007 година  потпишаа договор со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, кој вклучува соработка во процесот на изработка на студии за исплатливост и проектни плански документации за потенцијални проекти на територијата на Општина Струмица.



Согласно договорот Министерството за животна средина и просторно планирање ќе изврши презентација на потенцијалните проекти од Општина Струмица во рамките на Механизмот за чист развој пред италијански и италијанско – македонски компании и ќе направи обид да пронајде заинтересирани компании кои ќе изработат студии за исплатливост и проектни плански документации за идентификуваните проекти:

1. Намалување на емисиите на стакленички гасови преку зафакање и спалување гас во депонијата Шапкар,
2. Користење на Геотермална енергија во Банско и
3. Енергетска ефикасност на уличното осветлување во Струмица.

2007-3-6

09.03.2007 | Вчера, Веб порталот Тотал објави информации за активностите на Општина Струмица. Интегрално ги објавуваме вестите “Грчки Stafilco Textile со 12 милиони евра сака да изгради четири фабрики во Струмичко” и “Општина Струмица со веб-портал ќе привлекува инвеститори”.

 

Грчки Stafilco Textile со 12 милиони евра сака да изгради четири фабрики во Струмичко

Грчката компанија Stafilco Textile планира да инвестира 12 милиони евра во изградба на четири фабрики на површина од 400 илјади квадратни метри во Струмичко во кои ќе бидат вработени три илјади луѓе, изјавија за Тотал претставници на локалната власт.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, вели дека грчката компанија била многу заинтересирана да изгради економска зона во околината на селото Сачево, а општината ќе ја кофинансира инвестицијата со 30 илјади евра.

„Stafilco Textile планира да изгради четири фабрики - за производство на делови за електромотори, конзервна фабрика, за примарна текстилна суровина, а четвртата ќе биде текстилна конфекција„, објаснува Заев.

Според него, моментално се подготвува урбанистички план за земјиштето, кое досега било земјиште од четврта категорија, за да стане градежно земјиште. Планот ќе биде готов за еден месец. Потоа Владата ќе го даде земјиштето на јавна лицитација, со цел да се најде корисник кој ќе плаќа концесија на период од 99 години.

“Грчките инвеститори се многу заинтересирани и ќе наддаваат до крај, се со цел да го добијат на користење земјиштето“, вели Заев.

Според Заев, деловите за електромотори ќе се извезуваат во Холандија, а конзервните производи
и текстилот во Европска Унија.

Stafilco Textile е грчка компанија од Јужна Грција, а соработува со партнерски фирми од Холандија и Шпанија.

Општина Струмица со веб-портал ќе привлекува инвеститори

Струмица и околните општини преку сопствен веб-портал ќе провлекуваат инвестиции. Се работи за веб-порталот www.strumicaeconomy.com, кој ќе ги содржи економските информации за овој микрорегиoн.

На порталот што ќе биде промовиран на 12 април ќе има податоци за 150 компании од сите дејности. Покрај општината Струмица во проектот се вклучени и општините Ново Село, Босилово и Василево. Порталот ќе биде на македонски, англиски, бугарски и грчки јазик.

Освен контакти од компаниите од регионот, заинтересираните инвеститори ќе можат да се информираат и за слободните локации и за поволностите за инвестирање што ги нудат општините. Во мај порталот ќе биде презентиран во Солун и во Кукуш. На промоцијата ќе присуствуват и 50 фирми од струмичко. Планирана е презентација на порталот и во Бугарија.

Во изработката на веб-сајтот покрај Центарот за локален економски развој учествуваа и ГТЗ РЕДЕМ. .

2007-3-5

09.03.2007 | Одобрени два нови проекти на Општина Струмица. Проектите Јавни работи со активност Уредување на габровскиот водопад, и Отстранување и санирање на дивите депонии на територијата на Општина Струмица,  кои беа аплицирани до Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа се одобрени. За реализирање на активностите на двата проекти ќе бидат ангажирани 45 општи работници.

2007-3-4

08.03.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица за 15.03.2007 година (четврток)  во 11.00 часот.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544