Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2007

2007-5-4

09.05.2007 | “Струмица нека биде предвесник на нашата блиска Европска иднина. Во тоа име подигнуваме 30 знамиња, од кои 27 на сите земји членки на Унијата а останатите три: на Европската Унија, Македонија и на Струмица.” рече Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев обраќајки се по повод одбележувањето на 9 ти Мај - Денот на ЕУ.

 

Со подигање на 30 знамиња, Општина Струмица го одбележа Денот на Европската унија.  Пред присутните се обрати Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев кој рече::



“Бидејќи и денес се сметаме како неделиво парче од Европа, еве како со сета радост го славиме и одбележуваме 9ти Мај – Денот на Европа, и тоа на само нам својствен начин. Струмица како дел од тромеѓето на нашава земја со две членки на ЕУ, нека биде предвесник на нашата блиска Европска иднина. Во тоа име подигнуваме 30 знамиња, од кои 27 на сите земји членки на Унијата а останатите три: на Европската Унија, Македонија и на Струмица. Од денес па во иднина нека се веат овие знамиња и го красат центарот на Европска Струмица. И ако некој се запраша зошто токму овде, на ова место, одговорот би бил, затоа што оваа урбана широчина ја симболизира широчината на струмичани по прашањето на македонското Евроинтегрирање, и затоа што во близина е споменикот на човекот, кој европски размислувал кога го разбирал светот како поле за културно натпреварување меѓу народите. Тогаш ајде да го сториме она што сме го наумиле, ајде нека нашата подготвеност за разбирање и соработка ја покажеме на дело.”



30-те знамиња остануваат на Плоштадот Гоце Делчев кои од денес ќе бидат нов симбол кој ќе го претставува Европскиот дух на Градот под Царевите Кули.

Манифестациите по повод Денот на ЕУ продолжија со културно уметничка програма во организација на КУД Тримери.







2007-5-3

09.05.2007 | Одбележан 9 ти Мај – Меѓународниот ден на победата над фашизмот. Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци на НОАВМ во малиот градски парк и одржа реч за значењето на празникот.

 

“Овој исклучителен и голем настан и ден за целиот свет и за целото човештво, со должно внимание го одбележуваме и ние, затоа што и нашава држава и македонскиот народ зеде активно учество во извојувањето на победата над фашизмот, рамо до рамо со сите прогресивни народи.



Денес кога ја прославуваме 62-годишнината од денот на победата над фашизмот не смееме да заборавиме дека во истиот ден се одбележува и Денот на Европа. Република Македонија како земја со кандидатски статус за влез во Европската Унија, прифаќајќи ги европските вредности на соживот, разбирање, помирување, стабилност и просперитет, со полно право го одбележува овој ден како свој, со надеж дека во блиска иднина и формално тоа ќе и припаѓа. Уверен сум, дека нашава земја ќе знае мудро да ги извлече поуките од двата настана кои се спојуваат во денешниов ден.”



Ова е дел од пораката што Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја испрати на денот кога се одбележува победата или крајот на злото што го продуцираше фашизмот.

Претставници на Општина Струмица предводени од Ристов положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади читаа револуционерна поезија инспирирана од народноослободителната  и анти-фашистичка војна.

Свеченостите по повод 9 ти Мај продолжија на Плоштадот Гоце Делчев.

2007-5-2

07.05.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод 9 ти Мај, Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот.

 

Со особена почит Ве поканувам да  присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето  на 

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ И ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

што ќе се реализираат на ден  09.05.2007 година  (среда) во Струмица:
- во 10,00 часот пред споменикот на паднатите борци во ноавм во малиот градски парк 
- во 11,00 часот на плоштадот  “Гоце Делчев”

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ С.Р.

ПРОГРАМА

09.05.2007 година  (среда)

10,00 часот

- Свечености пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк:
- Реч за значењето на празникот;                                 
- Полагање на свежо цвеќе;
- Револуционерна поезија инспирирана од  народноослободителната  и анти-фашистичка војна – Рецитаторска секција при Домот за деца и  млади “Благој Јанков Мучето” – Струмица

11,00 часот
- Свечености на плоштадот “Гоце Делчев” - Струмица
- Обраќање по повод Денот на ЕУ
- Поставување и подигање на знамињата на земјите членки на Европската Унија.

2007-5-1

04.05.2007 | Општина Струмица ја одбележа 104 – годишнината од смртта на Гоце Делчев. Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот на великанот на македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство Гоце Делчев, и одржа реч за животот и делото на револуционерот.

 

На одбележувањето на 104 годишнината од смртта на Гоце Делчев, пред споменикот на истоимениот плоштад Градоначалникот Заев рече:

“Ние можеме пред овој споменик да читаме реферати колку што сакаме, можеме да положуваме цвеќе пред овој споменик до немај каде, можеме да кажуваме стихови за Делчев, колку што ни душа сака… Но што и да правиме, ништо не сме сториле доколку барем парче од таа Делчевска љубов кон татковината не вкорениме во нашите срца за навек и доколку вистински не стоиме во одбрана на неговиот аманет кој ни го остави нам – неговите следбеници.

Се разбира временската дистанца од 104 години од неговата прерана смрт е сосема мала за да избледнее верната слика на неговиот живот и дело со кои тој ги задолжи сите генерации Македонци, за многу векови нанапред. Тоа го велам затоа што Гоце Делчев и покрај мошне кусиот животен пат, зад себе остави траги, неделиво сврзани со стремежите и исконските тежненија на Македонецот за здобивање живот кој ќе биде вреден за почит и достоинство”.

Mанифестациите продолжија со музичко-сценски колаж “Македонија ти си нашата молитва, нашата иднина” во изведба на ученици од ОУ Гоце Делчев – Вељуса.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544