Зоран Заев е избран за Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

На првата седница на Советот за равој на Југоисточниот плански регион, која минатата недела се одржа во просториите на Општина Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  беше избран за претседател на планскиот регион. На седницата присуствуваа десет градоначалници од овој плански регион.

Градоначалникот на општина Богданци, г-дин Гоце Петрушев
Градоначалникот на општина Босилово, г-дин Горѓи Манушев
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Славе Христов
Градоначалникот на општина Валандово, г-дин Николче Чурлиновски
Градоначалникот на општина Дојран, г-дин Ристо Гушев
Градоначалникот на општина Конче, г-дин Стојан Лазаров
Градоначалникот на општина Ново село, г-дин Никола Андонов
Градоначалникот на општина Радовиш, г-дин Роберт Велков
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

На седницата присуствуваше и г-дин Горан Анѓелов како и преставници на ГТЗ.На истата седница беше донесена одлука за формирање на  Центарот за развој на југоисточниот плански регион како прв регион во Македонија. Формирањето на центрите е согласно Законот за регионален рамномерен развој.