Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2007

2007-7-6

06.07.2007 | Предаден во употреба Детскиот Град. Вчера Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и Пратеникот во Собранието на РМ и Претседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шекеринска го предадоа во употреба Детскиот град кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Над 2000 деца од Струмица ги посетија 19-те замоци и душеци за скокање.

 





Објектот е сместен на површина од 4500 м2 и  целосно е финансиран од  Општина Струмица и изнесува  3 милиони и 200 илјади денари. Во детскиот град се поставени 19 посебни катчиња каде ке можат да се рекереаираат над 500 деца. Во детскиот град има лизгалски замоци, фигури од цртаните филмови и душеци за скокање и многу други играчки. Истите се направени од гумени материјали заради безбедноста на децата. Со детскиот град ке стопанисува ЈП Комуналец – Струмица каде што повеќе вработени ќе се грижат за хигиената, одржувањето на паркот но и за сигурноста и безбедноста на децата.





2007-7-5

05.07.2007 | Струмица е првата македонска општина со стандард за квалитет ISO 9001 : 2000. Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го доби меѓународниот сертификатот за квалитет ISO 9001 : 2000 со што Општина Струмица стана првата македонска општина и четврта на Балканот која поседува унифицирани правила за работење.

 



Општина Струмица во изминатите 7 месеци го усогласи работењето согласно правилата пропишани по ISO 9001 : 2000 при што Комисијата за сертифицирање на системи за управување на својата последна седница донесе одлука за доделување на сертификат на Општина Струмица за извршување на услуги од областа на локалната самоуправа.

2007-7-4

05.07.2007 | Радмила Шеќеринска во посета на Општина Струмица. Денес во посета на Општина Струмица престојуваше Претседателот на СДСМ г-ѓа Радмила Шеќеринска која посети дел од инфраструктурните проекти кои ги реализира Општина Струмица. Градоначалникот Зоран Заев ја информираше за интензитетот со кој ќе се завршуваат започнатите инфраструктурни проекти.

Градоначалникот Заев и Пратеникот во Собранието на РМ и Претседателот на СДСМ г-ѓа Шекеринска ги посетија:

Реконструкцијата на Градскиот пазар





Катната гаража



Реконструкцијата на тротоарите на Бул. Маршал Тито и уредувањето на  Бул. Маршал Тито со цвеќарници и фонтани







Инфраструктурните активности во с. Куклиш (проширување на мост, канализација, асфалтирање на улица)

Инфраструктурните активности во с. Вељуса (асфалтирање на улица)

Детскиот град во Градскиот парk во Струмица



Претседателот на СДСМ г-ѓа Шекеринска  рече дека е позитвно изненадена од интензитетот со кој се завршуваат инфраструктурните проекти во Општина Струмица, дека Општина Струмица е најдобар пример за одговорно работење и дека временската дистанца од една година од нејзината последна посета на Струмица покажува дека за една година Струмица има нов урбанистички лик.

Градоначалникот Заев ја информираше г-ѓа Шекеринска дека од 05.07.2007 година Струмица е првата македонска општина и четврта на Балканот која поседува стандард за квалитет ΙSO 9001-2000.

2007-7-3

05.07.2007 | Општина Струмица успешно го реализира вториот дел од  Програмата за уредувањето на градежното земјиште за 2007 година. Во прилог е листата и фото записот на отпочнати и реализирани инфраструктурни проекти во Струмица и населените места.

 


1. Реконструкција и реставрација на Цареви кули












2.
Рампи за лица со посебни потреби (по тротоарите низ градот)











3. Канделабри и чешма во село Вељуса













4. Улица во с. Вељуса (кај црква)













5. Улица во с. Водоча













6. Спортско игралиште во с.Баница













7. Чистење на порој Св. Илија













8. Улица во с.Костурино













9. Проширување на мост во с. Куклиш













10. Канализација во с. Куклиш













11. Асфалтирање на улица во с.Куклиш













12. Водовод во с.Габрово













13. Улица во с. Муртино













14. Парк во центар на с. Дабиле













15. Автобуска постројка во с. Дабиле


16. Улица во с. Дабиле













17. Тротоар од Ракиџиски мост до с. Добрејци













18. Улица во Ново Добрејци од број 236 до број 350













19. Чистење на мали канали во с. Просениково













20. Тротоар во с. Просениково (до училиштето)













21. Пешачка патека ул. Ленинова – ул. Јанко Цветинов













22. Џеб на ул. 24 Октомври













23. Втор слој на ул. Браќа Миладинови (пред Симпо)













24. Улица Младинска (до Мачук)













25. Џеб на улица Димитар Цветинов













26. Тротоар на улица Атанас Караман













27. Цвеќарници со фонтани на Бул. Маршал Тито













28.
Тротоар на Бул. Маршал Тито












29. Цвеќарници на Бул. Ленинова













30. Детски град (Градски парк)
.









2007-7-2

05.07.2007 | Општина Струмица со ново возило за чистење на улици. Од денес техничката опременост на ЈП Комуналец - Струмица е зголемена со ново современо возило за чистење на улици од германската марката SCHMIDT, која е светски бренд во производството на комунална техника. Градоначалникот Зоран Заев го предаде возилото на користење во ЈП Комуналец.

 







2007-7-1

05.07.2007 | Отварање на Детскиот град во Градскиот парк. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев  денес во 20.30 часот ќе го предаде во употреба Детскиот Град во Градскиот парк во Струмица.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544