Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2007

2007-9-4

06.09.2007 | Почитувани граѓани, Ве покануваме да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод одбележувањето на  независноста на Република Македонија 8 ми септември и денот на ослободувањето на Струмица,11 Септември, што ќе се реализираат во деновите 06, 07, 08, 09, 10, и 11.09.2007 година во Струмица.

 

ПРОГРАМА

06.09.2007 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)

- 20,00 часотКонцерт на хор  и солисти од АКУД  “Мирче Ацев” - Скопје
Диригент -  маестро Томислав Шопов
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: Општина  Струмица

07.09.2007 ГОДИНА (ПЕТОК)

- 20,00 часот – Премиера на театарска престава “Враќање” од Харолд Пинтер
Локација:  НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица

08.09.2007 ГОДИНА (САБОТА)

- 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Гоце Делчев:
- Реч за историографијата на празникот;
- Полагање на свежо цвеќе;
- “- Да ти е вечна независноста Македонијо” Рецитал во изведба  на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот  на Гоце Делчев во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

- 19,30 часот - Свечено отварање на Фестивалот  на камерен театар “Ристо Шишков”.
Локација: НУЦК “Антон Панов“  Струмица
Носител:  Советот на Фестивалот.

09.09.2007 ГОДИНА (НЕДЕЛА)

- 19,00  часот - Денови на италијанската култура
Локација:Римски терми – Бања Банско
Носител: Италијански културен центар “Џакомо Леопарди”

10.09.2007  ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК)

- 09,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од  средните училишта во Општина Струмица.
Локација: Сала во СОУ “ Никола Карев” Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

- 10,00 часот- Турнир во мал фудбал за  ученици од основните училишта во Општина Струмица.
Локација: Спортски терен при ОУ “Никола Вапцаров”-
Струмица
Носител: Општински сојуз на училишен спорт- Струмица

11.09.2007  ГОДИНА (ВТОРНИК)

- 10,00 часот – Свечености пред споменикот на Револуцијата во Градскиот парк:
- Реч за историографијата на празникот;
- Полагање на свежо цвеќе;
- Револуционерна поезија во кажување на рецитатори од Рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето”  Струмица.
(Поаѓање кон Споменикот на  Револуцијата во 09,45 часот од пред зградата на Локалната самоуправа)

- 10,30 часот- Засадување на дрвце  на другарувањето во Алејата на младите во Градскиот парк
Локација: Веднаш до Споменикот
Носител: Домот за деца и малди “Благој Мучето” Струмица

- 16,00 часот- Пријателски меѓународен натпревар
ФК  “Беласица” Струмица (пионери) – ФК”Левски” Софија (пионери)
Локација: Градски стадион “Младост” Струмица
Носител: Општина Струмица

- 20,15 часот -  Отварање на изложба на дела  од  44. Меѓународна струмичка ликовна колонија
Локација: Изложбен салон при НУЦК “Антон Панов“ 
Носител: НУЦК “Антон Панов“  Струмица.

2007-9-3

06.09.2007 | Прв оперски концерт во Струмица. Во организација на Општина Струмица, а под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев денес (06.09.2007 година, четврток) во фоајето на НУЦК “Антон Панов” - Струмица, со почеток во 20 часот ќе се одржи целовечерен оперски концерт на академскиот хор при АКУД “Мирче Ацев”- Скопје.

 

Оперскиот концерт ќе се одржи под диригентска палка на Маестро Томислав Шопов и солистите од Македонската опера и балет: Милена Арсовска - сопран, Гонца Богоромова - сопран, Игор Гиновски - тенор, и Ернест Ибраимовски - баритон, со клавирска придружба на Андреј Наумов и Томислав Шопов.

Настанот се организира по повод одбележувањето на празникот 8-ми Септември - независноста на РМ и 11 - ти Септември - ослободувањето на Струмица.

По тој повод ги покануваме сите граѓани - љубители на оперската музика да присуствуваат на овој несекојдневен настан.

2007-9-2

05.09.2007 | Основните училишта во Општина Струмица добија донација од Македонски центар за граѓанско образование. Донацијата е овозможена преку Програмата за мали грантови поддржан од фондови на Агенцијата на САД за меѓународен развој, со проектот ,,Унапредување на образованието во Македонија,, за кој Општина Струмица потпиша меморандум за соработка и активно учествуваше во донесувањето на одлука за избор на училишта кои треба да добијат донација.

Претставници на МЦГО-Скопје на ден 05.09.2007 година во неколку основни училишта од Општина Струмица донесоа опрема и нагледни средства.

Донација во нагледни средства добија ОУ ,,Даме Груев,,-Куклиш и ОУ ,,Сандо Масев,,-Струмица, а школски табли беа доставени во ОУ ,,Маршал Тито,,-Муртино. Во три ОУ беа изведени градежно-занаетчиски работи. Во ОУ ,,Гоце Делчев,,-Вељуса целосно се заменети старите светлечки тела со нови, во ОУ ,,Никола Вапцаров,,-Струмица е извршено реновирање на санитарен јазол, а во ОУ ,,Видое Подгорец,,-Струмица е извршено засилување на електрична инсталација на еден кат.

Вкупниот износ на донацијата изнесува околу 5.000 американски долари.

2007-9-1

04.09.2007 | Ден на жалост во Општина Струмица. Во врска со трагичната смрт на двајца штитеници од Заводот за заштита и рехабилитација “Бања Банско” настрадани во пожарот на ден 02.09.2007 година,  Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го прогласи 04 Септември 2007 година за ден на жалост во Општина Струмица.

 



Горенаведеното Решение Градоначалникот на општина Струмица го донесе врз основа на чл.50 од Закон за локална самоуправа и член 39 од Статутот на општина Струмица, а во врска со член 15 став 5 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната.





Во согласност со споменатото решение денес знамињата во Општина Струмица се истакнати на половина копје.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544