Потпишано писмо со намери за соработка со грчката општина Кукуш

Вчера, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев беше во работна посета на Кукуш, Грција, на покана на Градоначалникот на општина Кукуш, г-дин Димитрис Терзидсис. Посетата е во рамките на спроведувањето на активностите од проектот за прекугранична соработка финансиран од Interreg IIIA Програмата.

На средбата најпрво беше презентиран проектот “Презентација и транснационална промоција на брдото на Св. Горѓи над градот Кукуш” кој е финасиран од INTERREG IIIA програмата на Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Р. Македонија и Р. Грција, а во кој Општина Струмица и Општина Кукуш се јавија како проектни партнери.

На состанокот во Кукуш, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Градоначалникот на општина Кукуш, Грција г-дин Димитрис Терзидис потпишаа писмо со намери за понатамошна соработка меѓу двете општини.

Општина Кукуш е втората грчка општина со која Општина Струмица оваа година воспостави соработка.  На почетокот на оваа година Општина Струмица воспостави соработка со Општина Ахиос, кои го поддржаа прооектот на Општина Струмица за отварање на тренинг центар за високообразовни кадри финансиран од програмата на ЕУ за прекугранична соработка.