Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Октомври 2007

2007-10-4

02.10.2007 | Oтварање на Центарот за одржлив развој „Порта“. Денес,  во просториите на Домот на АРМ,  Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, ги предаде во употреба новите простори на Центарот за поддршка на НВО – Струмица. Општина Струмица овие простории на Центарот за поддршка на НВО Струмица, ги стави на  располагање во период од пет години без надокнада, се со цел подобрување и подигнување на значењето на НВО секторот во заедницата.



Просторитте се комплетно реновирани и опремени со финасиска поддршка од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ).



Центарот за поддршка на НВО е основан во рамките на Проектот„Поддршка на граѓанското општество- зајакнивање на НВО: Центри за поддршка на НВО во социјално економски неразвиени подрачја во Македонија“ финасиран од Европсак Агенција за реконструкција  и ФИООМ, Истиот од декември 2006 функционира како Центар за оддржлив развој „Пората“.

2007-10-3

02.10.2007 | Триесет палми го красат Булеварот Маршал Тито. Паралелно со привршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито со тротоари, жардинерии и фонтани, од оваа недела на булеварот се посадени 30 палми кои и даваат посебен медитерански лик на Струмица. Завршувањето на активностите за уредување на Булеварот Маршал Тито ќе се означи со пуштање во функција на две модерни фонтани со водоскок по должината на булеварот.



2007-10-2

01.10.2007 | Потпишан договорот за проектот Тренинг центар за високообразовни кадри. Вчера во просториите на Европската агенција за реконструкција Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го потпиша договорот за проектот Тренинг центар за високообразовни кадри кој е финансиран од Фондовите на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Р. Македонија и Р. Грција.



Проектот е со вкупен буџет од 140.000 евра од кои 117.000 евра се донација од ЕУ. Средствата ќе се користат за отварање на Институт за применета технологија кој ќе биде најсовремено уреден и  опремен со 25 компјутери, принтери, лцд прожектори и др.  Институтот ќе треба да им помага на високообразовните неврабортени кадри да ги подобрат своите работни перформанси и да се прилагодат кон потребите на пазарот на труд.

Сите учесници во проектот ќе добијат тренинг, информации и совети од стручни лица од земјата и странство во области од значење за нивното сопствено професионално усовршување. После обуката учесниците во проектот ќе добијат потврда - сертификат за учество во проект финансиран од ЕУ.

Проектот исто така предвидува одржување на три саеми меѓу компаниите од струмичкиот регион и високообразовните кадри, со помош на кои ќе се обиде да се вработат учесниците во проектот во компаниите кои сопствениот развој ќе го генерираат преку вработување на високообразовни кадри. Партнер на Општина Струмица во овој проект е Општина Ахиос, Грција, а активностите од проектот ќе започнат до крајот на годината и ќе траат 18 месеци.

2007-10-1

01.10.2007 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев вчера учествуваше на Првата европска конференција за ЕУ фондови, организирана од Капитал Медиа Груп, поддржана од Мисијата на Европската унија во Македонија.  Европската конференција “Можности и перспективи” ја отвори Амбасадорот на ЕУ во Македонија Н.Е. Ерван Фуере.

 



Градоначалникот Заев зборуваше во Панел 2 од конференцијата,  на тема Очекувањата и потребите на потенцијалните корисници на ИПА фондовите во Македонија. Во своете излагање Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев пред присутните го истакна искуството кое го стекна Општина Струмица од користењето на средствата од Фондовите за прекугранична соработка, проблемите со кои се соочуваше Општина Струмица при реализација на проектите, активностите кои ги превзеде за надминување на проблемите и за подобра подготвеност на Општина Струмица пред стартот на ИПА фондовите.

На конферецнијата присуствува претставници на повеќе компании од земјава, претставници на општините и други институции.

Присутните ги поздрави и Љупчо Зиков, директор на Капитал Медиа Груп и главен уредник на неделникот „Капитал“.

Страница 3 од 3

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544