Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Октомври 2007

2007-10-10

09.10.2007 | Привршува реконструкцијата на спортските терени и игралишта. Овој месец целосно ќе заврши реконструкцијата и обновата на спортските терени и игралишта на територијата на општината. Изминатиот период се работеше на обнова на кошаркарските игралишта која опфати одбележување на игралиштата, бојадисување на конструкциите за кошеви и поставување на нови табли и обрачи.





Активностите од проектот ќе завршат во текот на овој месец со спортска манифестација која ќе се одржи на обновените игралишта.  Со реализацијата на овој проект, кој во целост беше финансиран од Општина Струмица, се обновија фудбалските, кошаркарските и одбојкарските игралишта во сите основни и средни училишта во градот како и игралиштата во населените места Баница, Банско, Добрејци, Костурино,  Градско Балдовци, Просениково, Муртино, Дабиље, Куклиш, Вељуса и Сачево.

2007-10-9

09.10.2007 | Пробиени над два километри од пристапниот пат до Цареви кули. Паралелно со завршувањето на истражувачките активности на Цареви Кули, започнаа инфраструктурните активности од проектот и овие денови се веќе пробиени два километри и четиристотини метри од пристапниот пат до Цареви кули кој ќе биде со должина од 2,7 км.

 





Продолжува имплементацијата на активностите од проектот “Оживување на националната и културна знаменитост Цареви кули”, финансиран од Европската агенција за реконструкција и Општина Струмица. Овие денови привршуваат активностите од првата фаза од проектот - истражување,  која започна на 1 јуни и која имаше за цел да се откријат елементите на фортификацијата за што е можно повистинита реконструкција на тврдината. Со истражувањата се  добија многу податоци кои се однесуваат на секојдневниот живот на тврдината кој започнува од праисторијата, како и за духовниот и материјален живот на популацијата која ги населувала ридовите .





Истражувањата покажаа дека судбината на Цареви Кули,  е тесно поврзана со судбината на градот Струмица. Било тоа де е славниот Астраион, Тивериопол, Естреон или Уструмџе, Цареви кули секогаш стоеле тука и дури многу порано, длабоку во праисторијата кога овде цутела богата култура од времето на доцниот енеолит и раната бронзова епоха.





Пред извесен период започна пробивањето на пристапниот пат до тврдината Цареви Кули кој ќе биде со должина од 2,7 км а заклучно со денес  веќе се пробиени два километри и четиристотини метри од истиот.

Согласно предвидениот план на активности проектот треба да заврши следната година, до кога треба да бидат завршени конзервацијата, реставрацијата и соодветната промоција на проектот со досега најширок спектар на промотивни материјали.

2007-10-8

05.10.2007 | Предаден во употреба Центар за рано откривање на болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица. Денес, Градоначалнкиот на општина Струмица, Зоран Заев присуствуваше на свеченото предавање во употреба на мамографот кој Меѓународната Фондација Борис Трајковски, преку Меѓународниот Радиолошки Институт од Охајо, Америка, го донираше за потребите на Центарот за рано откивање на болести на дојка кој е сместен во просториите на ЈЗУ Општа Болница - Струмица.



Во  реализацијата на овој проект од исклучително заначење за модернизацијата на здравствениот систем во републиката и посебно општината, покрај ЈЗУ Општа Болница  се вклучи и Локалната самоуправа  и Организација на жени од Струмица во соработка со Институтот за Човекови права Лудвиг Болтцман од Виена, поддржани од Австриска развојна агенција.



За таа цел Локалната самоуправа донира  Ултразвучен апарат со висока резолуција и електронски сонди- Ехо апарат специјално наменет за преглед на дојки.



Центарот за рано дијагностицирање на Болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица, пред многубројните присутни гости  од локалната самоуправа, јавниот и бизнис сектор, невладиниот сектор, како  и бројните здравствени работници, го даде во употреба Министерот за здравство Г-дин Имер Селмани, посочувајќи го овој пример за партнерска соработка достоен за почит од целата јавност во државата, воедно нагласувајќи дека тоа е примерот како треба заедно да се ангажираат сите актери во заедницата за добробит на своите граѓани.

2007-10-7

05.10.2007 | Одбележана Светската недела на детето. Денес,  Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, во склоп на одбележувањата на светската недела на детето,  ги прими децата од ЈУ Дом за деца и млади – Струмица, на кои им посака успешно вклучување во образовниот процес и безгрижно детство.

 



2007-10-6

05.10.2007 | Потпишано писмо со намери за соработка со грчката општина Кукуш. Вчера, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев беше во работна посета на Кукуш, Грција, на покана на Градоначалникот на општина Кукуш, г-дин Димитрис Терзидсис. Посетата е во рамките на спроведувањето на активностите од проектот за прекугранична соработка финансиран од Interreg IIIA Програмата.



На средбата најпрво беше презентиран проектот “Презентација и транснационална промоција на брдото на Св. Горѓи над градот Кукуш” кој е финасиран од INTERREG IIIA програмата на Европската Унија за прекугранична соработка меѓу Р. Македонија и Р. Грција, а во кој Општина Струмица и Општина Кукуш се јавија како проектни партнери.



На состанокот во Кукуш, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Градоначалникот на општина Кукуш, Грција г-дин Димитрис Терзидис потпишаа писмо со намери за понатамошна соработка меѓу двете општини.



Општина Кукуш е втората грчка општина со која Општина Струмица оваа година воспостави соработка.  На почетокот на оваа година Општина Струмица воспостави соработка со Општина Ахиос, кои го поддржаа прооектот на Општина Струмица за отварање на тренинг центар за високообразовни кадри финансиран од програмата на ЕУ за прекугранична соработка.

2007-10-5


04.10.2007 | Започна студиската година на земјоделските факултети во Струмица. Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде на новите студенти, а со свеченото врачување на индексите на 57 студенти од третата генерација, и со потпишување меморандум  за соработка со Општина Струмица, започна новата студиска година на дисперзираните студии на Факултетот  за земјоделски науки и храна при Универзитетот  ,,Свети Кирил и Методи,,  во Струмица.



На свеченоста присуствуваа деканот на факултетот г-дин Орде Чукалиев и ректорот на универзитетот г-дин Ѓорѓи Мартиновски кои во своете обраќања се заблагодарија на Општина Струмица за прекрасните услови кои ги обезбеди во Домот на Арм., за одржување ма маставата.



На почетокот на октомври започна студиската година и за 70 студенти на Земјоделскиот факултет при новиот универзитет ,,Гоце Делчев,, за кои наставата се изведува во Институтот за јужни земјоделски култури.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544