Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2007

2007-11-2

01.11.2007 | Надмудри го ракот биди здрава жена. Вчера, во рамките на проектот „Заедничката победа на струмичани во борбата со карциномот во Република Македонија“ Општина Струмица во соработка со Организацијата на жени Струмица, Хуманитарното здружение “Животна искра 99” одржа информативно едукативна трибина во рамките под наслов „Надмудри го ракот биди здрава жена“.

Проектот е поддржан од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена подрачна канцеларија Скопје - финасиран од  Австриската  развојна поддршка, а поддржано и  од Министерството за здравство во соработка со Македонското женско лоби и Комисијата за еднакви можности при Собранието на Република Македонија.

Во присуство на над двеста жени од Општина Струмица, Кампањата беше отворена од страна на Координаторот на проектот од Општина Струмица, кон кое, со свои поздравни зборови се вклучија Претсатвниците од Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман, Координаторката на жените Парламентарки во собранието на Република Македонија Пратеничката Г-ѓа Цветанка Иванова и Претседателката на Хуманитарното здружение „Животна искра“ Скопје, Македонската музичка дива Г-ѓа Виолета Томовска.



Работниот дел се состоеше од информативно едукативни предавања на експерти од Институтот за радиологија од Скопје, Проф Д-р Светлана Антеска Грујовска на тема: Раната дијагностика на ракот на дојката со ехо и мамомграфски преглед, Проф.Д-р Георги Зографски од Институтот за онкологија и радиологија во Скопје, на тема Патохистолошка дијагноза на ракот на дојката, Д-р. Весна Гершан од Институтот за радиологија Скопје, Д-р Викторија Јовановска од Гинеколошко акушерска клиника Скопје на тема:Улогата на PAP тестот во заштитата на жената од cerviclanito carcinom, Прим Д-р Надица Јанева од Завод за мајки и деца Скопје на тема: Значењето на PAP тестот во заштитата на здравјето на жената.



Од позиција на Заменик претседателот на Хуманитарното здружение „Животна искра Скопје“ Г-ѓа Теута Красница Чучкова ја  промовираше активноста на Македонското женско лоби во рамките на кампањата под наслов „Надмудри го ракот биди здрава жена“.



Проекцијата на краткиот филм – техники за самопрегледување, беше заокружувањето на информативно едукативна трибина.

Сепак Македонската дива Виолета Томовска не би била она што е, доколку на секој убав настан не  остави посебен печет. Длабоко од нејзината исконска душа провеаа звиците на песната „Дај ми боже сила небеска“, за да со огромен и долготраен аплауз, над двестате присутни жени во салата и укажат огромна благодарност за нејзината пожртвуваност и ангажман со што повеќе од сигурно ја потврди нејзината едноставност.

2007-11-1

01.11.2007 | Проект „Клуб за времен опфат на деца со интелектуална попреченост“. Во рамките на проектот, што во партнерство го спроведуваат Општина Струмица и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ - Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, во кабинетот прими поголема група на деца со интелектуална попреченост од Општина Струмица.

Децата со интелектуална попреченост поклонувајќи му на Градоначалникот  Заев свои лични ракотворби, му ја искажаа својата огромна благодарност за несебичната поддршка која досега со солзи во очите ја бараа низ времето што помина.



Особена благодарност за несебичниот ангажман за нивните деца, на Градоначалникот Заев му искажа бројните присутни родители, надевајки се на уште поголем ангажман од негова страна за да во идно време во Општина Струмица профункционира и  Дневен Центар за деца со интелектуална попреченост.

Децата пред Градоначалникот ја покажаа својата огромна желба за напредок и благосостојба во заедницата, рецитирајки му стихотворби и песнички. Песните испеани од исконско чистите срца и души на овие деца беше потврда за почитување на правото на еднаквост, за кое Градоначалникот од се срце им се заблагодари и им даде цврсто ветување дека на  нив, сега и во иднина ќе им биде укажувано должно внимание.



Реализацијата на  проектот отпочна во септември 2007 година со тенденција да трае се до прераснување на овој Клуб за времен опфат на деца со интелектуална пореченост во Дневн центар. Во рамките на овој проект Општина Струмица овозможува современо опремени просторни можности и комплетна креативно логистичка поддршка.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ Порака“ – Струмица, со своја посебна Програма за работа и опфат, како дел од својата Годишна програма за работа,  обезбедуваат:  стручен кадар за непречена континуирана работа со оваа целна група,   нагледни сретства за работа, како и друг вид на средства и материјали за креативна работа потребни за непречено функционирање на Клубот.

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544