3 – ти Декември – Меѓународен ден на лицата со хендикеп

Во организација на Полио Плус вчера во Универзалната сала во Скопје се одржа манифестацијата  “364 + 3 ”. Општина Струмица беше златен покровител на манифестацијата, а собраните средства од истата ќе бидат наменети за изградба на домови на лицата со посебни потреби од Заводот за рехабилитација Бања Банско.

На манифестацијата беа присутни Градоначалникот и членовите на Советот на Општина Струмица, пратеници во Собранието на РМ, Амбасадарот на ЕУ во Република Македонија, Н.Е. Ерван Фуере и други јавни личности. Во рамките на манифестацијата се оддржа и аукција на слики изработени од штитеници во Заводите за рехабилитација во Бања Банско и Демир Капија. Сите собрани средства од истата ќе бидат наменети за изградба на домови за лицата со посебни потреби од Заводот за рехабилитација Бања Банско.

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев доби плаќета од Организаторот Полио Плус за поддршката на манифестацијата.

На крајот на настанот беше потенциран огромниот хуманитарен ангажман на македонската мега ѕвезда Тоше Проески. Од името на штитеничката – познатиот уметник Розе Мојсовска на фамилијата на Тоше Проевски им беше врачен портрет со ликот на Тоше, а од името на организаторот плаќета за хуманитарно животно дело. Фамилијата Проески на штитениците од двата дома им додели повеќе оригинални цд-а од Тоше.