Светски ден на лицата со посебни потреби

о повод 3-ти Декмври, Светскиот ден на лицата со посебни потреби, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на програмата организирана од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака”, која се оддржа во Центарот за поддршка на граѓаните на ул.”Крушевска Република” бр.59.

Децата со интелектуална попреченост на манифестацијата имаа можност пред бројните посетители и целата струмичка јавност рецититирајќи стихотворби и пеејќи песнички да покажат дека и тие се рамноправни членови на оваа заедница.

На доставените покани до повеќето инситуции за присуство и поддршка на децата со инелектуална попреченост на оваа скромна манифестација, како и секогаш досега Општина Струмица одзивајќи се на поканата да биде дел од онаа што значи серќа на децата со интелектуална попреченост, повторно ја потврди грижата за своите граѓани.

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев со своето присуство и учеството во продажната изложба со купувањето на уметничките предмети изработени од вредните рачиња на штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост-ПОРАКА, уште еднаш ја покажа својата  хумана димензија.

Градоначалникот Заев, упатувајќи им изрази на длабока поддршка и разбирање за нивните секојдневни проблеми и потреби  даде ветување дека како и досега и во иднина ке се грижи за овие деца, осмислувајќи нови повисоки форми на нивно згрижување и делување, се разбира  во рамките на општинските ингеренции и можности.

Програмата беше осмислена и водена од тимот на волонтери кои со големо срце се стават на располагање на децата – штитеници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост-ПОРАКА-Струмица.

Составен дел од оваа манифестација беше и продажната изложба каде посетителите мочеа да купат уметнички дела изработени од децат и со тоа го дадат свој скромен допринос во понатамошните активности на Порака.