Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2007

2007-12-7

11.12.2007 | Св. 15 Тивериополски свештеномаченици – заштитници на Струмица. Денес, Струмица ги празнува заштитниците на градот и со пригодни свечености ќе биде одбележен Денот на  Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици.

 

Во 09 часот во црквата „Св. Петнаесет тивериполски свештеномаченици“ ќе биде одржана света божествена архиерејска литургија, на која по традиција присуствуваат илјадници верници.



Во 12 часот во Домот на АРМ ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Струмица на која Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ќе ги додели наградите на овогодишните добитници на годишната награда на Општина Струмица Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици. На свечената седница ќе бидат доделени и наградите по конкурсот за литературни творби посветени на Струмица.


Во 13 часот на Булеварот Маршал Тито ќе биде откриен Споменикот на бранителите македонските бранители од 2001 година, Атанас Јанев и Коле Китанов. Идејното решение за споменикот е на академскиот ликовен уметник Димитар Филиповски од Скопје.

Во 17 часот во Општинската библиотека “Благој Јанков Мучето” ќе бидат доделени наградите за најдобри читатели, а во 18 часот ќе биде промовирана книгата “Македонски народни приказни” од Иван Котев.

2007-12-6

03.12.2007 | Светски ден на лицата со посебни потреби. По повод 3-ти Декмври, Светскиот ден на лицата со посебни потреби, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, присуствуваше на програмата организирана од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака”, која се оддржа во Центарот за поддршка на граѓаните на ул.”Крушевска Република” бр.59.



Децата со интелектуална попреченост на манифестацијата имаа можност пред бројните посетители и целата струмичка јавност рецититирајќи стихотворби и пеејќи песнички да покажат дека и тие се рамноправни членови на оваа заедница.

На доставените покани до повеќето инситуции за присуство и поддршка на децата со инелектуална попреченост на оваа скромна манифестација, како и секогаш досега Општина Струмица одзивајќи се на поканата да биде дел од онаа што значи серќа на децата со интелектуална попреченост, повторно ја потврди грижата за своите граѓани.



Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев со своето присуство и учеството во продажната изложба со купувањето на уметничките предмети изработени од вредните рачиња на штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост-ПОРАКА, уште еднаш ја покажа својата  хумана димензија.

Градоначалникот Заев, упатувајќи им изрази на длабока поддршка и разбирање за нивните секојдневни проблеми и потреби  даде ветување дека како и досега и во иднина ке се грижи за овие деца, осмислувајќи нови повисоки форми на нивно згрижување и делување, се разбира  во рамките на општинските ингеренции и можности.



Програмата беше осмислена и водена од тимот на волонтери кои со големо срце се стават на располагање на децата - штитеници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост-ПОРАКА-Струмица.

Составен дел од оваа манифестација беше и продажната изложба каде посетителите мочеа да купат уметнички дела изработени од децат и со тоа го дадат свој скромен допринос во понатамошните активности на Порака.

2007-12-5

03.12.2007 | 3 - ти Декември – Меѓународен ден на лицата со хендикеп. Во организација на Полио Плус вчера во Универзалната сала во Скопје се одржа манифестацијата  “364 + 3 ”. Општина Струмица беше златен покровител на манифестацијата, а собраните средства од истата ќе бидат наменети за изградба на домови на лицата со посебни потреби од Заводот за рехабилитација Бања Банско.




На манифестацијата беа присутни Градоначалникот и членовите на Советот на Општина Струмица, пратеници во Собранието на РМ, Амбасадарот на ЕУ во Република Македонија, Н.Е. Ерван Фуере и други јавни личности. Во рамките на манифестацијата се оддржа и аукција на слики изработени од штитеници во Заводите за рехабилитација во Бања Банско и Демир Капија. Сите собрани средства од истата ќе бидат наменети за изградба на домови за лицата со посебни потреби од Заводот за рехабилитација Бања Банско.



Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев доби плаќета од Организаторот Полио Плус за поддршката на манифестацијата.



На крајот на настанот беше потенциран огромниот хуманитарен ангажман на македонската мега ѕвезда Тоше Проески. Од името на штитеничката – познатиот уметник Розе Мојсовска на фамилијата на Тоше Проевски им беше врачен портрет со ликот на Тоше, а од името на организаторот плаќета за хуманитарно животно дело. Фамилијата Проески на штитениците од двата дома им додели повеќе оригинални цд-а од Тоше.

2007-12-4

03.12.2007 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа  61 седница на Советот на општина Струмица за  06.12.2007 година (четврток) во 10 часот.

 

 


2007-12-3

03.12.2007 | Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2007/2008. Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица, и оваа година ќе се организира „Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2007/2008.

 



Оваа година најголем наградниот фонд во Македонија 500.000 денари !!!

I – место 300 000 денари
II – место 125 000 денари
III – место 50 000 денари
IV – место 25 000 денари

Котизацијата за учество -  4.000 денари. Пријавувањето на екипите ќе трае до 17 Декември 2007 год Турнирот ќе се одржи во периодот од 18 Декември 2007 до 12 Јануари 2008 година, во спортската сала „ПАРК“.

Ексклузивен спонзор на турнирот е ДЕ-ЛУКС ИНЖЕНЕРИНГ

За подетални информации и пропозиции информирајте се во просториите на Општина Струмица, канцеларија бр.8 или на тел. 070 998-965.

2007-12-2

03.12.2007 | Избор на Спортист на Општина Струмица за 2007 година. Во организација на Градоначалникот и Советот на Општина Струмица на 14.12.2007 година (петок) во Ресторанот “Студио Ин” ќе се одржи манифестацијата “Спортист на Годината”

 

Најдобрите спортисти на Општина Струмица за 2007 година ќе бидат избрани по комбиниран модел во кој 20 % од гласовите ќе ги дадат граѓаните преку СМС пораки, 40 % спортските новинари и 40 % тренерите на спортски клубови.

Смс гласањето за Избор на Спортист на Општина Струмица за 2007 година започнува од утре (04.12.2007). Граѓаните можат да гласаат со испраќање на смс пораки на телефонскиот број 070/071/075/076 144–620. СМС пораката треба да го содржи името на номинирата екипа / спортист.
Цена на СМС порака: 20 денари + ддв.



Номинации и категории:

НАЈДОБРА МЛАДИНСКА ЕКИПА

КК ГОРАНИ БАСКЕТ (Пионери)
КК МИЛЕНИУМ (Пионери)
КК ФЕЛИКС (Младинки)
ОК МАКЕДОНИЈА – ЏИО (Пионери)
ОК МАКЕДОНИЈА МАКС (Младинки)
ОК СТРУМИЦА (Кадети)
ППК АБА СТРУМИЦА – ЖЕНИ (Пионерки)
ППК АБА СТРУМИЦА – (Пионери)
СРД ТРОФЕЈ (Пионери)
ФК БЕЛАСИЦА (Кадети)
ФК ТИВЕРИЈА (Пионери)

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ

ВИТАНОВ ДИМИТАР (КК Милениум)
ГЕТЕВ ИЛИЈА (ФК Беласица - пионери )
ГОЦЕВСКИ  ДИМИТАР (КК Милениум)
ДИМИТРИЕВА ПАВЛИНКА (ОК Македонија Макс)
ДИМИТРИЕВ ВАСКО (Кунф-Фу Кик Бокс Клуб Струмица)
ЃОРГИЕВА ЗОРИЦА (ОК Македонија Макс)
ЃОРГИЕВ ЃОРЃИ -  (ОК Струмица)
ЗАЕВ ВАНЕ – (КК Струмица)
ЗДРАВКОВ ЗОРАН (Кунг-Фу Кик Бокс Клуб Струмица)
ЈАНАКИЕВСКИ ЈАНАКИЈА (КГС Партизан)
КОЦЕВ НИКОЛА (СРД Трофеј)
ЉАФТОВ АЛЕКСАНДАР (ОК Македонија Џиo)    
МИТРЕВИЌ МИЧО - (ФК Тиверија - пионери)
НИКОЛОВ  РИСТО (ОК Струмица)
ПАНОВ ВАСЕ (ФК Тиверија - пионери)
ПАРТЕНОВ ИГОР (КК Горани Баскет)
ПОПЧЕВ КИРЕ (КК Горани Баскет)
СЕРАФИМОВСКА БИЛЈАНА (ПАЕК Маратон)
СТОЈАНОВА ЕЛЕНА (ППК Аба Струмица - пионери)
ТИМОВ ФИЛИП (ФК Беласица - кадети )
ТРЕНДОВ ГОРАН (ЗСР Шампион 2005 - пионери)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИНСКА КАТЕГОРИЈА

БАЧЕВ
ИГОР (КК Горани Баскет)
ГОШЕВ ЏОКО (СРД Трофеј)
ГРАДАШОРЛИЕВ АЛЕКСАНДАР (ЗСР Шампион 2005)
ЗЕТОВ ЗЛАТКО (КК МИЛЕНИУМ - КАДЕТИ)
ЈАНКОВ ЗОРАН (ОК Македонија Макс)
РИЧЛИЕВ КИРИЛ (ОК Македонија Џио - ПИОНЕРИ)
ЌОСЕВ ДЕЈАН (ФК Беласица кадети)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР

АРСИЌ ЈОВИЦА (КК Струмица)
ЃУЗЕЛОВ НАЌЕ (СРД Трофеј)
ЈАНКОВ ЗОРАН (ОК Македонија Макс)
РИЧЛИЕВ КИРИЛ  (ОК Македонија Џио)
СПАСОВ ЗОРАН (Кунг-Фу Кик Бокс Клуб Струмица)

НАЈДОБРА ЕКИПА

ЗСР ШАМПИОН 2005     
КК СТРУМИЦА
КУНГ ФУ КИК БОКС КЛУБ СТРУМИЦА
ОК МАКЕДОНИЈА – МАКС
ОК МАКЕДОНИЈА – ЏИО
ОК СТРУМИЦА
РК ЗОМИМАК-М     
СРД ТРОФЕЈ

НАЈДОБАР СПОРТИСТ

БОГОЕВ ЕФТИМ (КК Струмица)
ВАСИЛЕВА ВЕРИЦА (Ок Македонија Макс)
ГУЦЕВ БЛАГОЈ (Фк Беласица)
КОЦЕВ СЛОБОДАН (СРД Трофеј)
МАРИНОВА ТЕОДОРА (Ок Македонија Макс)
МИЛЕВ ВЛАДО (ОК Македонија Џио)
МИТЕВ АЛЕКСАНДАР (ФК Тиверија)
МИШЕВСКИ МАРИО (Фк Беласица)
НИКОЛОВ  АНГЕЛ  ( ОК Струмица )
НИКОВСКИ ГЕОРГЕ (Кунг-Фу Кик Бокс Клуб Струмица)
СТОЈЧЕВ  ДЕНИ (Ок Струмица).

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544