Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2007

2007-12-1


01.12.2007 | Враќање на бадемовиот цвет под Царевите Кули. Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, посадувајќи садник - бадемово дрвце, на ридот над Струмица, го одбележа враќањето на бадемовиот цвет под Царевите Кули, вековното обележја на Ѕвездениот Астарион.

 



Прекрасната слика на ридот под Царевите кули, кога бадемовите цветови даваа посебен сјај на Ѕвездениот Астарион, остана дамнешно минато, спомен за една убавина, приказна за сегашните генерации. Сегашниот рид под Царевите кули е пустош, осама мртвило.

Затоа, Општина Струмица во партнерска соработка со Еколошкото друштво Планетум од Струмица и ЈПКД Комуналец, одлучи бадемовиот цвет – препознатливиот белег на Ѕвездената Струмица, да го  врати на своето вековно место за да стане повторна вистина за идните генерации.



Паралелната реализација на овој еколошки проект заедно со реконструкцијата на Царевите кули и изградбата на трим патеката до локалитетот Св Илија, за нас струмичани ќе претсавува една симбиоза во изнаоѓањето на нови димензии за поттикнување на рекреативните навики на нашите граѓани и секако  можност за развој на туризамот во општината.

Денешниот ден е почеток во реализацијата на овој значаен еколошки проект каде на површина од околу два хектари опожарена шума ќе бидат посадени околу илјада бадемови садници, со намера да се врати овој значаен спомен белег на Градот Струмица.



Реализацијата на овој проект, воедно ќе значи  обновување на   зелениот појас над градот и спречување на  опасноста од  ерозија и лизгање на земјиштето.

Со реализацијата на овој проект  граѓаните на Општина Струмица, за две до три години ќе имаат можност повторно да уживаат во  убавините на бадемовиот цвет, обезбедувајќи си барем дел од потребниот мир и спокој на овој убав локалитет.

Страница 4 од 4

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544