Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2007

2007-12-13

11.12.2007 | Јавна благодарност од Општина Струмица до Прокредит банка за акцијата за пошумувањето на непошумените површини во Струмица. Водени од идејата дека на животната средина и е потребно внимание, но и постојано обновување ПроКредит Банка реализираше пошумување на 2 хектари непошумена површина во околината на Струмица, на локалитетот „Чам чифлик“.



Во рамки на проектот беше пошумена површина од 2 хектари лоцирана во непосредната близина на Струмица, на локалитетот „Чам чифлик“, која граѓаните често ја користат како излетничко место. Во рамки на пошумувањето беа засадени 140 иглолисни дрвја со висина од по 1м, 160 лисјарски дрвја со висина од 2 метри и 100 грмушки.



На овој начин, ПроКредит Банка даде свој придонес, во рамки на можностите, во решавањето на актуелните проблеми на заедницата и зачувувањето на животната средина. За оваа акција беа ангажирани експерти од Шумарскиот факултет кои ја обезбедија неопходната експертиза за правилно и навремено засадување на садниците, како и вработени од ЈПКД Комуналец од Струмица кои учествуваа во пошумувањето. Во акцијата беа вклучени и вработени од ПроКредит Банка кои активно учествуваа во засадувањето на садниците.



Општина Струмица упатува јавна благодарност до Прокредит банка со надеж дека со овие и многуте други остварени проекти, како и со идните планирани активности кои се во линија на зачувувањето на животната средина, ќе дадеме свој придонес во обновување и разубавување на околината, но и ќе влијаеме во зајакнување на свеста на граѓаните за важноста на зачувувањето на животната средина.

2007-12-12

11.12.2007 | Откриен споменикот на бранителите на Република Македонија од 2001 година. Денес, во склоп на свеченостите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица, Светите Петнаесет тивериополски маченици, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го откри Споменикот на бранителите на Република Македонија од 2001 година, посветен на струмичаните Атанас Јанев и Коле Китанов. Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Димитар Филиповски од Скопје.



Градоначалникот Зоран Заев, во своето обраќање пред Споменикот рече:

“Денес кога го славиме денот на заштитниците на Струмица го славиме и споменот на новите заштитници на нашата слобода и слободата на нашата татковина и нејзиниот суверенитет. Во името на тој спомен, општина Струмица подига паметник на своите синови, како конкретен чин на едно наше заедничко завештание. Споменикот на нашите бранители е уште еден неизбришлив доказ дека струмичани од памтивек до денес давале значаен придонес во скицирањето на автентичниот историски амбиент во нашава Македонија. Од денес, овој споменик ќе знае на најубав можен начин да не потсетува дека воениот конфликт во Македонија од 2001 година е значајна историска епизода од нашето битисување, без која нашиот светоглед кон иднината, можеби ќе имаше поинаков приказ.”



Веднаш после откривањето, споменикот беше осветен од страна на митрополити од Македонската православна црква.



Споменикот е дело на академскиот ликовен уметник Димитар Филиповски од Скопје и ја означува жената – пеперутка, со својата динамична линија, која претставува феникс кој се издигнува од пепелта и продолжува да живее, како што ќе живее почитта кон нашите бранители Атанас Јанев и Коле Китанов.

2007-12-11

11.12.2007 | Доделени наградите по конкурсот за литературни творби за Струмица . Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов, на свечената седница на Советот на општина Струмица ги додели награди по распишаниот конкурс за литературно - поетски творби посветени на градот Струмица.

 




Комисијата за општествени дејности, при Советот на општина Струмица,  на предлог од Комисијата за прочит на лититературните творби, донесе Одлука за доделување награди  по распишаниот награден конкурс за литературно -  поетски состав,  посветен на градот  Струмица во три категории и тоа:



Прва категорија – ученици во основните училишта
Втора категорија – ученици  во средните училишта и
Трета категорија – возрасни автори

Во категоријата – ученици од основните училишта беа наградени:

Прва награда – Благица Пецанова -  ученичка  во Основното училиште “Св.Кирил и Методиј ” од  Дабиле
Втора награда - Елизабета Моканова -  ученичка  во Основното училиште “Никола Вапцаров” од  Струмица;  и Лазар Миков -  ученик  во Основното училиште “Никола Вапцаров” од  Струмица
Трета награда  се наградуваат: Сашко Урдовски - ученик во ОУ “Маршал Тито” - Муртино; и Софија Галева  - ученичка во ОУ “Маршал Тито” Струмица;

Во категоријата – ученици од средните училишта се наградуваат  литературно-поетските состави и тоа:

Прва награда: Боркица Трајковска - ученичка во СОУ “Јане Сандански” – Струмица
Втора награда: Слободан Јефтимов - ученик во СОУ “Јане Сандански” – Струмица
Трета  награда: Николина Козарева - ученичка во СОУ “Јане Сандански” – Струмица

Во категоријата “возрасни автори” се наградуваат литературно-поетските состави и тоа:

Прва награда во износ од 6000 денари: Ирена Бабамова-Стојчева, втора награда во износ од 4000 денари, Наташа Василевска –Трајчевска и со трета награда во износ од 2000 денари  беше награден  литературно-поетскитскиот   состав  на Катица Мицева.

2007-12-10

11.12.2007 | Доделени годишните награди Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици . Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на свечената седница на Советот на општина Струмица ги додели годишните награди Св. 15 Тивериополски свештеномаченици за 2007 година.

 



Како општествено признание за вонредно значајни остварувања од посебен интерес на Општина Струмица и Република Македонија, Градоначалникот на Струмица, наградата за животно дело “Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици”  во 2007 година, посмртно  ја додели на:



Борис Трајковски – Претседател на Република Македонија

Годишната награда на општина Струмица “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за 2007 година како признание на Општина Струмица за посебни остварувања  се доделува на:

1. Г-ѓа Мирјана Лазарова - Трајковска – за  унапредувањето,  развојот и  заштитата  на човековите права

2. Г-дин Никола Маџиров – за посебен придонес во  литературата

3.
Г-дин Горан Тренчевски – за посебен придонес во областа на филмската и театарската уметност

4.
Г-дин Киро Урдин- за посебен придонес  во областа на ликовната  уметност

5.
Кошаркарскиот клуб “Струмица”  од Струмица за врни достигнувања  во областа на кошаркарскиот спорт

6.
Ловно друштво “Беласица “Струмица”  за развој и унапредување на ловниот спорт

7. Културно-уметничкото друштво “Тримери” од Струмица за посебен придонес во развојот  фолклорот и фолклорните традиции.

2007-12-9

11.12.2007 | Свечена седница на Советот на општина Струмица. Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја отвори свечената седница на Советот на Општина Струмица, на која покрај членовите на Советот присуствуваа Градоначалникот, Зоран Заев,  митрополити на Македонската православна црква, претставници на другите верски заедници, пратеници во Собранието на РМ, градоначалници на други општини и други гости.




По повод празникот на градот “Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици” обраќање имаше Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев кој рече:

“Се огласија денеска ѕвоната во нашиов град за да се разлее аберот до сечија струмичка душа возљубена во господа, дека осамна уште еден 11. декември, ден за почитување, верба и негување на вродениот култ, кој ни е оставен во аманет од нашите дедовци и прадедовци, од предците кои имаа света задача, да овозможат возвишените вредности да патуваат непречено низ времето. И еве сме собрани со насмеани души да го направиме она што  ни доликува, нам – денешниве граѓани на Струмица,кои ги ползуваме благодетите на оддамна завршената света мисија. Еве сме собрани заеднички да им направиме чест на благочестивите апостоли, кои пред помалку од 17 векови го проповедале и ширеле христијанството.”

“…Со нови позитивни мисли ќе можеме да ги воспитуваме и подучуваме нашите деца, да ја градат Државата и општината и градот на здрави основи.



Ние вљубениците во својата Струмица се трудиме да изградиме токму такви основи. Овој град го добивме во наследство и во нследство ќе го оставиме на идните поколенија. Го добивме убав, ќе го оставиме уште поубав, оти тоа од нас се бара. Но за да биде овој град по мерка на сите нас, мора заеднички да се грижиме за него, од првиот до последниот негов граѓаин.

Апстрахирајќи ги поделбите, ќе знаеме кога и зошто да го кажеме лошото, но и доборото нема да го премолчиме. На тој начин, ќе знаеме вистински да се зарадуваме кога луѓе од други градови ни ја фалат Струмица. Ние не треба да се залажуваме и задоволуваме кога Струмица ја избираат за најубаво место за живеење во Македонија. Наш репер треба да бидат малите но убави европски градови.

Европска Струмица со наши традиционални нишани, ете тоа е мојот сон. Ајде заеднички да го сонуваме, за еден ден да биде и наше заедничко јаве.” истакна на крајот градоначалникот Зоран Заев.

На Свечената седница на Советот на општина Струмица беа доделени и годишните награди “Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици” и наградите по повод конкурсот за литературни состави посветени на Струмица.

2007-12-8

11.12.2007 | Започнаа свеченостите по повод празникот на градот Струмица. Синоќа, во предвечерието на големиот празник, денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици, се одржаа две изложби и тоа Изложба на тема: Човекот во праисториските и историските епохи во Македонија и Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници.

Националната установа Завод и Музеј беше домаќин на изложбата на тема “Човекот во праисториските и историските епохи во Македонија”, a во Националната установа Центар за култура, традиционално, ден  пред празникот Св. 15 Тивериополски свештеномаченици,  Друштвото на ликовни уметници ја одржа годишната изложба.

Преку 40-те ликовни креации на Македонка Хаџитосева, Снежана Илиева, Каролина Бурн-Божинова, Љупка Галонска-Василева, Ѓорѓи Божинов, Глигор Беќаров, Драги Бусев, Костадин Устапетров, Панче Ѓоргиев, Живко Велковски, Марјан Ѕин, Милан Миланов, Марјан Пецев-Захов, Митко Секулов и Ѕвонко Тилев, се изложени во фоајето при НУЦК Антон Панов.

Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во своето обраќање по повод Годишната изложба на друштвото на ликовни уметници рече:

“Друштвото на ликовните уметници на Струмица и вечерва покажува и докажува дека нашиот град покрај другите го заслужува и епитетот – град на уметноста. Вечерва на показ имаме повеќе различности и особености кои сепак функционираат во еден ликовен букет, како извонреден приказ за творечките достигнувања на оние чии дела ја сочинуваат оваа изложба. Сведоци сме дека тие различности ја отсликуваат убавината на миговното доживување. Не може, а да не забележиме дека вечерва свои дела изложуваат ликовни творци од различни генерации, дека различен е нивниот пристап кон творечкиот чин, различни се ликовните дисциплини присутни на изложбава, различни се и мотивските предизвици на нивниот творечки ангажман ... различно е ова, различно е она, иста е само љубовта кон уметноста и заедничката решеност да се биде верен на традицијата. Таква е веројатно состојбата и со нас – љубителите на ликовното творештво. И ние сме различни со нашето поемање за ликовната уметност и според нашите естетски критериуми за ликовните дела, но заеднички сме тука да им ја укажеме почитта на 15-те ликовни творци кои вечерва заедно со нас ја празнуваат уметноста во чест на утрешното празнување.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544