Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2006

2006-09-9

14.09.2006 | Синоќа во просториите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ја додели наградата за високо актерско достигнување, Ристо Шишков, на овогодинешниот добитник Дејан Лилиќ. Со ова и официјално се симна завесата на 14 меѓународен фестивал на камерен театар.

2006-09-8

11.09.2006 | По повод 11 Септември, денот на ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеке на Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк. Манифестациите по повод 11 Септември продолжија со Планинарски марш по врвиците на Струмичкиот партизански одред и турнири во мал фудбал за учениците од основните и средните училишта.

2006-09-7

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, свечено го отвори 14 фестивал на камерен театар Ристо Шишков. На овогодинешното издание на реномираниот меѓународен фестивал на камерен театар ќе бидат изведени 1 3 претстави.

2006-09-6

Претставници на Општина Струмица, во периодот од 08 - 10 Септември ке ја претставуваат Струмица на мегународниот саем на конзервирани производи во Општина Чубук, Анкара. На Туршијадата во Анкара ке бидат презентирани производи на фирми од Струмица.

2006-09-5

По повод денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, положи цвеќе на споменикот Гоце Делчев и одржа реч за историографијата на празникот.

2006-09-4

07.09.2006 | Во Центарот за култура Антон Панов, беше промовирана монографијата на Иван Илиев Ајдински од авторот Љупчо Ајдински. Иван Илев Ајдински е познат македонски интелектуалец, револуционер, социјалист, хуманист и адвокат. Еден од издавачите на монографијата е Општина Струмица. Со оваа активност започнаа свеченостите кои општина Струмица ги организира по повод одбележувањето на денот на независноста на Република Македонија.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544