Се чисти канал за атмосферски води во Куклиш

Работна оператива од ЈПКД „Комуналец“ деновиве врши чистење на канал за атмосферски води во селото Куклиш. Според зборовите на Павле Малинов од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, чистењето се спроведува на каналот со должина од 600 метри што од фудбалското игралиште води до прочистителната станица во Куклиш, а од кој се веќе исчистени 450 метри.

Оваа активност е дел од проектот „Чистење на канали во дела“ кој е во рамките на програмата Ј2-„Одведување и прочистување на води за 2016 година“. Според оваа програма на Општина Струмица за тековната година, предвидено е чистење на каналите во населените места во општината со што се овозможува нивно нормално функционирање за подолг временски период, без опасност од поплавување.