Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2006

2006-11-14

10.11.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го поздрави стоматолошкиот семинар “Естетика во стоматологијата”, кој денес се одржува во Струмица. На семинарот кој е во организација на Стоматолошкиот факултет - Скопје присуствуваат повеќе стоматолози од Струмица.

2006-11-13

10.11.2006 | Синоќа, во просторите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и претставникот на Британскиот совет, Жарко Конески  ја прогласија за отворена изложбата на фотографии од едукативен карактер “Север Југ Исток Запад - Поглед на 360° на климатските промени”. Оваа изложба е дел од глобалниот караван “Град без јаглерод” кој во изминатите години посети повеќе европски градови. Соработници на оваа кампања се врвни личности од различни области како Тони Блер, Кофи Анан, Леонардо ди Каприо и многу други. Изложбата се состои од 23 постер фотографии, изработени од познати светски фотографи кои граѓаните на Општина Струмица ќе можат да ги видат до 23 Ноември.

2006-11-12

07.11.2006 | Комисијата за подигање на спомен обележја при Советот на општина Струмица ги одбра идејните решенија за Споменик на Цар Самуил и Споменик на Бранителите од 2001 година од Струмичкиот регин.

 

За најдобро идејно решение за Споменик на Цар Самуил е избран трудот на Анѓел Коруновски од Велес. Авторот на трудот ќе добие награда во износ од 60.000 денари.



Објаснување од авторот за симболиката на споменикот: “Одлучив царот да изгледа достоинствено со тажен уморен израз на лицето, седнат на камен. Фигурата на ослепен изнемоштен војник кого нозете повеќе не го држат, со последни сили се довлечкал со единствена желба да проговори за ужасите кои се случиле во последната битка. Војникот е поставен до царот со глава поставена на неговиот скут, едната рака на царот го придржува да не падне, а другата му ја придржува главата како да сака да му ја ублажи болката. Царот гледа немо пред себе, сака да каже нешто утешно, но не наоѓа зборови кои би имале смисла во тој момент.”  Споменикот на Цар Самуил ќе биде поставен во Градскиот парк во делот измеѓу Спортската сала и Градскиот стадион.





За најдобро идејно решение за Споменик на Бранителите од 2001 година од Струмичкиот регин, комисијата го избра трудот на Филиповски Димитар од Скопје. Авторот на трудот ќе добие награда во износ од 30.000 денари.



Објаснување од авторот за симболиката на споменикот:
“Скулптурата наменета на бранителите од Струмичкиот регион претставува една жена –пеперутка. Пеперутката е симбол на повторно раѓање, на новиот живот. Симболиката е многу јака и полна со пораки кога ке ја употребиме со нејзината најака визуелна вредност. Главната точка моментот на фокусирање, на окото на гледачот кај оваа скулптура се наоѓа кај динамичната линија на жената, особено забележлива од профил и гледана од далечина. Всушност тоа е претстава на еден т.н. феникс, кој се издигнува од пеколот и продолжува да живее, исто како и почитта кон бранителите Јанев Атанас и Китанов Коле.”

Споменикот ќе биде поставен на Булевар Маршал Тито пред ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор, ќе биде висок 3 метри, и на постаментот на скулптурата ќе стои бронзена плоча со натпис: “Во чест на Јанев Атанас и Китанов Коле – Бранители кои ја сакаа татковината”.

2006-11-11

07.11.2006 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ја закажа 34 седница на Советот на општина Струмица, за 14.11.2006 година (вторник) во 11 часот. Дневниот ред за 34 седница можете да го превземете на овој веб сајт во делот е-општина / седници на совет. Службените гласници бр.17 и 18,  од претходните две седници на Советот на општина Струмица можете да ги превземете од делот е-општина / службени гласници.

2006-11-10

07.11.2006 | Службениот гласник број 18 ја содржи, Листата на информации од јавен карактер со кои располага Општина Струмица. Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер општините се должни да објават листа на информации од јавен карактер. Листата на информации ќе се ажурира и дополнува најдоцна на секои 3 месеци.

2006-11-9

07.11.2006 | Привршува изградбата на спортското игралиште во IV Урбана заедница. Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2006 година беше планирана изградба на спортско игралиште во IV Урбана заедница кај поранешниот гарнизон на АРМ. За неколку денови ќе заврши реализацијата на заедничкиот проект на Општина Струмица и IV Урбана заедница, со што оваа урбана заедница ќе располага со современо спортско игралиште. Просторот е уреден со универзален терен за кошарка, ракомет и мал фудбал, трибина, и мало детско игралиште. Теренити ќе бидат оградени а во план е и поставување на рефлектори.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544