Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2006

2006-11-8

07.11.2006 | Сервис центарот на граѓаните во VII Урбана заедница, кој Градоначалникот на општина Струмица го отвори кон крајот на минатиот месец, Ви нуди огромен број на административни услуги и тоа барања, уверенија, одобренија, изводи, имотни листови и друг вид на административни услуги за кои што странката немора да потпишува лично. Сервис центарот на граѓаните се наоѓа на ул. “Димитар Влахов” бр37 (до Католичката црква). Истиот е проект на Организацијата на жени – Струмица, финансиски подржан од Општина Струмица.

2006-11-7

06.11.2006 | Општина Струмица, Британската амбасада и Невладината организација Фронт 21/42, Ве покануваат на свечено отварање на изложбата на фотографии “Север Југ Исток Запад”, Поглед од 360° на климатските промени, што ќе се одржи на 09.11.2006 година (четврток) во 19.00 часот во НУЦК “Антон Панов”.

2006-11-6

06.11.2006 | Одделението за локален економски развој при Општина Струмица продолжува со реализацијата на проектот Веб сајт на струмичкото стопанство. Во таа насока се  известуваат сите деловни субјекти кои егзистираат на делот на Струмичкиот микро-регион дека можат да се вклучат на овој веб сајт контактирајки со одделението за Локален економски развој на телефон 034/340-224. Официјалниот веб сајт на економските субјекти од овој регион ќе биде достапен на 4 јазика и промовиран во неколку држави во регионот. Целта на овој веб сајт е промоција на целокупниот бизнис сектор на Струмичкиот регион, вмрежување и полесна комуникација на бизнис опкружувањето во регионот, државата и пошироко.

2006-11-5

04.11.2006 | Претседателот на Р.Македонија, Бранко Црвенковски и Претседателот на Р. Бугарија, Георги Прванов, во еднодневна официјална посета на Струмица.  Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде и им подари спомен плакета од Општина Струмица, на двајцата претседатели.
Во текот на посетата двајцата претседатели положија свежо цвеќе пред споменикот на Поранешниот Македонски Претседател, Борис Трајковски.

2006-11-4

03.11.2006 | По објавениот конурс од Комисијата за подигање на спомен обележја за споменик на Цар Самуил, до комисијата пристигнаа 5 трудови. Комисијата ги отвори трудовите кои се под шифра и во текот на наредната недела ќе одлучи кој идеен проект за избор на спомен обележје ќе биде избран. Комисијата за подигање на спомен одбележја брои 7 члена и е составена од советниците при Советот на општина Струмица и истакнати лица во областа на културата. Авторот на избраниот идеен проект ќе добие награда во износ од 60.000 денари. Споменикот на Цар Самуил ќе биде поставен во Градскиот парк на делот измеѓу Спортската сала и Градскиот стадион.



2006-11-3


03.11.2006 | Пристигнаа предлозите по јавниот конкурс за избор на идејно решение за Споменик на Бранителите од 2001 година од Струмичкиот регион. Комисијата ги отвори трудовите кои се под шифра и во текот на наредната недела ќе одлучи кој идеен проект за избор на спомен обележје ќе биде избран. Комисијата за подигање на спомен одбележја брои 7 члена и е составена од советниците при Советот на општина Струмица и истакнати лица во областа на културата. Авторот на избраното идејно решение ке добие награда во износ од 30.000 денари. Споменикот на Бранителите ке биде поставен на Булевар Маршал Тито на делот пред ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор.


© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544