Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2006

2006-11-20

20.11.2006 | Општина Струмица, Triple S Learning центарот и SWOT Mistery Shooping, организираат работилница на тема „Како до лојални купувачи“. Овој настан се организира по повод месец Ноември – месецот на потрошувачите. Работилницата Услуга кон купувачите е водич за градење на долгорочни релации и ЛОЈАЛНОСТ на купувачите кон Вашата компанија преку супериорна услуга. Учесниците ќе ги стекнат вештините и техниките за постапување во секоја интеракција со купувачот кои се неопходни за секое работно место. Работилницата ќе се одржи во ДОМ на АРМ на ден 22.11.2006 година (среда) во 12:00 часот.

2006-11-19

20.11.2006 | На 18 и 19 ноември 2006 год во Хотел „Тивериопол“ – Струмица, Локалната лидерска група од Општина Струмица на дводневната работилница го дефинираа дефинитивниот облик на Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица до 2015 година. Во Стратешкиот документ во кој се утврди визијата и мисијата за развој на општината,  се инкорпорираа повеќе развојни програми по повеќе области:Економија, Образование, Здравство, Социјална политика, Животна средина. Секоја од развојните програми резултира со конкретни проекти. Стратешкиот документ ќе претставува надградба на постоечкиот стратегиски план за развој на микрорегионот.

2006-11-18


17.11.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев заедно со своите соработници, Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов и директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев  остварија работна средба со истите претставници на Општина Кавадарци предводени од Градоначалникот Панчо Минов. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат општините во процесот на децентрализација, размена на искуства и нивно имплементирање во работата на локалната самоуправа и изнаоѓање модуси за продлабочување на соработката меѓу двете општини.

2006-11-17

14.11.2006 | Денеска во Скопје е потпишан Меморандумот за разбирање и соработка помеѓу Општина Струмица и USAID. Со тоа Општина Струмица и официјално е селектирана како една од 10 пилот општини во кои ќе се спроведува проектот “Одговорност преку транспаретност”. Целта на овој проект е воведување на модерна софтверска апликација со која на граѓаните ќе им се овозможи електронска комуникација со општинската администрацијата и со членовите на Советот. Во исто време граѓаните ќе имаат подобар и побрз пристап до одлуките на општинската администрација и Советот.

2006-11-16

13.11.2006 | ЈП Комуналец со ново возило за собирање на смет. Денес, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ги предаде клучевите од возилото автосмеќар на Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев. Возилото Мercedes Benz, со вредност 63.140,00 $ e донирано од Американската амбасада во рамките на Проектот за успешна децентрализација -  Фонд за добро општинско управување. Општина Струмица аплицираше на овој повик од USAID со проект за набавка на автосмеќар со цел подобрување на техничката опременост на ЈП Комуналец.






2006-11-15

13.11.2006 | Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Виена, базиран на проектот за  намалување на сиромаштијата во Македонија, на ден 10,11 и 12 Ноември 2006 година  одржа тродневна обука за Локалната Лидерска Група (ЛЛГ) од Општина Струмица. На работилницата ЛЛГ беше запознаена со Меѓународната и Национална нормативна рамка за човекови права и истата беше тренирана да им помогне на сиромашните и ранливи групи граѓани од Општина Струмица, со идентификација на нивните проблеми, како и изнаоѓање на соодветни решенија за нивно решавање. Врз база на утврдени приоритети во Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица, што ЛЛГ ќе ја финализира во текот на месец Декември, Институтот Лудвиг Болцман финансиски ќе подржи реализација на проектна активност.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544