Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2006

2006-12-8

11.12.2006 | Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на свечената седница на Советот на општина Струмица ги додели годишните општински награди и признанија за 2006 година. Како општествено признание за вонредно значајни остварувања од посебен интерес на Општина Струмица, награда во спомен плаќета и вредносен износ добија.



- г-дин Васил Стамбулиев, дипломиран електроинжинер за особени постигнувања и иновации во областа на електронската дигитална технологија,

- г-ѓа Весна Петкова, претседател на НВО Продолжен живот, за особени заслуги во областа на хуманитарно-социјалните дејности,



- г-дин Коте Тасевски, примариус, специјалист по болести на забите и ендодонтот за посебен придонес во областа на хуманоста и стоматологијата;

- г-ѓа Вера Ристова, работник во “Грозд” АД – Струмица, за особени резултати во областа на крводарителството; и

- г-дин Горан Пандев, фудбалер на ФК “Лацио” од Рим и репрезентативец на македонската фудбалска репрезентација за врвни постигнувања во областа на фудбалот.

2006-12-7

11.12.2006 | Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов ги додели наградите по распишаниот награден конкурс за литературно - поетски состав посветен на градот Струмица. Конкурсот беше распишан во три категории и тоа за ученици во основни училишта, ученици во средни училишта и граѓани.



Добитници на наградите во првата категорија – ученици во основни училишта се:

1. Софија Галева – ученичка во ОУ “Maршал Тито” – Муртино
2. Зорица Тошева - ученичка во ОУ “Maршал Тито” – Муртино
2. Виолета Рендевска – ученичка во ОУ “Сандо Масев” – Струмица
3. Љубица Ангелова - ученичка во ОУ “Никола Вапцаров” – Струмица
3. Ивана Тушева - ученичка во ОУ “Никола Вапцаров” – Струмица
3. Марија Филева - ученичка во ОУ “Видео Подгорец” – Струмица



Добитници на наградите во втората категорија – ученици во средни училишта се:

1. Тања Крмзова – ученичка во СОУ “Димитар Влахов”
2. Боркица Трајковска  – ученичка во СОУ “Јане Сандански”
3. Зорица Михајлова – ученичка во СОУ “Димитар Влахов”
3. Милица Георгиева - ученичка во СОУ “Никола Карев”



Добитници на наградите во третата категорија –  граѓани се
:

1. Наташа Василевска Трајчевска
2. Вања Изова Велева
3. Иван Василевски
3. Ристо Цаснокое

2006-12-6

11.12.2006 | Денес Струмица го празнува празникот на градот -  Светите Петнаесет Тивериополски свештено маченици. По тој повод Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев присуствуваше на свечената Божествена Литургија која денес се одржа во црквата на Светите Петнаесет Тивериополски свештено маченици во Струмица. Во присуство на огромен број верници Божествената Литургија ја отслужи Митрополитот Брегалнички г-дин Иларион. Во склоп на активностите за одбележување на празникот вчера се промовираше поемата Петнаесетте на авторот Иван Василевски, а Друштвото на ликовни уметници на Струмица ја одржа својата редовна годишна изложба.

2006-12-5

08.12.2006 | Денес во склоп на свеченостите и манифестациите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица - Светите Петнаесет Тивериополски Маченици, - Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев ја предаде во употреба новата фонтана на кружниот тек помеѓу булеварите “Маршал Тито”, “Гоце Делчев” и улица Балканска.




Се работи за најсовремена фонтана, комплетно автоматизирана и прва од ваков тип во Република Македонија.Фонтаната е во 6 менливи облици кои се менуваат на неколку секунди, а повеќето светлечки ефекти и даваат посебен сјај. Просторот околу фонтаната е хортикултурно уреден и околу неа ќе бидат дополнително поставени светлечки ефекти.. Изведувач на работите беше компанијата Дооел “Гросс Маркет” која беше избрана на јавниот конкурс објавен за овој проект.

2006-12-4

08.12.2006 | Денес во рамките на чествувањето на празникот Св.Петнаесет Тивериополски Свештено-маченици, Градоначалникот на Општина Струмица свечено го предаде во употреба Дневниот центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош, кој е рализација на проектна активност на Општина Струмица и Министерството за финасии-Светска Банка, преку фондот за Социјални инвестиции-Проект за Развој на општините.




Проектот на Општина Струмица , Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош, е дел од Програмата за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита која беше усвоена од Советот на општина Струмица на 31.08 2006 година и истиот во конкуренција од 40 аплицирани проекти до Светска Банка  беше селектиран во трите најдобри.



Потпишувањето на Меморандумот за разбирање од страна на Општина Струмица и Светска банка  значеше и релизација на проектот. Во реализацијата на проектот Светска банка учествуваше со финансиска подршка од 480.000 денари, а Општина Струмица со 210.000 денари и простории од 210 м2 кои целосно ги преадаптира и реновира за таа функција.



Партнер во реализацијата на проектот и спроведување на програмските активности е Здрушението на граѓани за  за еманципација,социјализација,ресоцијализација,здравствена и психосоцијална помош и човекови права на граѓаните „Продолжен живот“-Струмица.

2006-12-3

07.12.2006 | Почитувани граѓани, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов Ве покануваат да присуствувате на свеченостите и манифестациите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица: СВЕТИТЕ ПЕТНАЕСЕТ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ.

08.12.2006 година (Петок)

10:00 часот
Предавање во употреба на “Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за помош“
Место: Простори на II месна заедница
11:00 часот
Пуштање во употреба на градска фонтана на кружниот тек
12:00 часот
Доделување награди по распишан конкурс и  доделување награди на најдобри читатели
- Доделување награди по натпревар “Млади библиотекари”
- Место: Локална установа библиотека “Благој Јанков Мучето” Струмица

10.12.2006 година (Недела)

19:00 часот
Промоција на поемата Петнаесетте
Автор: Иван Василевски   Промотор: д-р Илија Велев     
Место: НУЦК “Антон Панов” Струмица (Фоаје)
20,00 часот
Годишна изложба на ДЛУС
Место: НУЦК “Антон Панов” Струмица (фоаје)

11.12.2006 година (Понеделник)

09:00 часот

Света божествена литургија во чест на   Светите 15   Тивериополски свештено маченици
Место: Црква  “Св. Петнаесет тивериополски   свештеномаченици” – Струмица
10:00 часот
Турнир во кошарка за основни и средни училишта
- За основните училишта во 10,00 часот Место: ОУ “Видое Подгорец” Струмица
- За средните училишта во 12,00 часот  Место: Спортска сала “Парк” - Струмица
12:00 часот
Свечена седница на Советот на  општина Струмица (доделување на годишни награди)
- Место: Дом на АРМ - Струмица

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544