Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Декември 2006

2006-12-14

23.12.2006 | Во рамките на програмата за Реформа на јавната администрација и Правната програма и реализацијата на проектот „Отворен општински буџет“, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија во соработка со фондацијата Институт Отворено Општество Македонија и Општина Струмица на ден 23.12.2006 година во хотел Тивериопол, одржа работилница на тема „партиципативно буџетирање“.На работилницата свој допринос  дадоа Советниците во Советот на општина Струмица, Раководителите на сектори, одделенија  и останати претставници на лоокалната администрација,  како и претставници на локалниот бизнис сектор и граѓанските организации.

2006-12-13

22.12.2006 | ФИООМ во рамките на програмата за Реформа на јавна администрација и Правната програма го спроведува проектот „Отворен општински буџет“, со цел зголемување на вклученоста на јавноста, граганскиот и бизнис секторот во сите фази на процесот на буџетирање на единиците на локалната самоуправа. Општина Струмица е една од трите селектирани општини кои ќе добијат поддршка во обуки на локалната администрација,граѓанскиот и бизнис секторот, експертска помош и финансиска поддршка за реализација на дел од планираните приоритетни активности. Имплементацијата на проектот  се однесува на буџетската 2007 година.

2006-12-12

19.12.2006 | Со цел имплементација на проектот “Посредување при вработување на образовани млади невработени - ЕМЅ II”( поддржан од страна на УНДП Општина Струмица објавува, ЈАВЕН ОГЛАС , за работно ангажирање на - Проектен Координатор за извршување на активности за проектот “Посредување при вработување на образовани млади невработени ЕМЅ II” поддржан од УНДП.

Лицето ќе биде ангажирано за период од 5 месеци.
Кандидатите треба да достават молба, Биографија (CV), копија од документ за идентификација и потврда дека се невработени од Центрот за вработување.

Кандидатите треба да ги исполнат следните ексклузивни критеиуми :
- невработен
- со познавање на англиски јазик
- под 35 години
- високо образование
- познавање на компјутери

(пожелно предходно искуство со проекти)
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 7 дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 26.12.2006.
Бараните документи можат да се достават во Одделението за Локален Економски Развој во Општина Струмица соба бр.10

Општина Струмица
Градоначалник,
Зоран Заев.

2006-12-11

13.12.2006 | Прв саем на книгата во Струмица. Саемот кој е во организација на Општинската библиотка “Благој Јанков Мучето” ќе биде отворен до 16.12.2006 година. На оваа манифестација свои книги ќе изложат 6 издавачки куќи од Р. Македонија. Љубителите на пишаниот збор можат да го посетат саемот во просториите на библиотеката во периодот од 10.00 до 18.30 часот.

2006-12-10

13.12.2006 | Четириесет екипи ќе учествуваат на Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал “Струмица 2006/2007” кој ќе започне во петок 15.12.2006 година. Натпреварите ќе се играат по Бергеров модел за 40 екипи односно екипите ќе бидат поделени во 8 квалификациони групи. Натпреварите ќе почнуваат од 17 часот а во викендите претпладне од 10 часот и попладне од 16 часот.

2006-12-9

Општинскиот сојуз на училишен спорт Ве поканува да присуствувате на Државното првенство во одбојка за средни училишта во женска конкуренција – младинки, што ќе се одржи во Струмица, во деновите 14-15-16 Декември во спортската сала на ОУ “Видео Подгорец”.

14.12.2006 (четврток)

14:00 часот – Свечено отварање
14:30 - 19:00 часот – Натпревари по групи

15.12.2006 (петок)

09:30 – 12:00 часот – Натпревари во групи
14:30 – 18:00 часот – Полуфинални натпревари

16.12.2006 (сабота)

09:30 – 12:30 часот – Финални натпревари
12:30 часот – Доделување на награди

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544