Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Ноември 2017

Градоначалникот Јаневски заедно со граѓаните го крои општинскиот буџет за 2018 година

Водејќи се од принципите на транспарентност и одговорност, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, буџетот на општина Струмица за 2018 година, го го крои заедно со граѓаните. По одржувањето на јавните собири по месните и урбаните заедници, партиципативното учество на граѓаните продолжува преку Граѓанскиот буџетски форум чии две сесии ќе се оджат на први и четврти декември во големата сала на домот на АРМ.

 ;

Градоначалникот Јаневски избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Денес во хотелот „Сириус“ се одржа Првата (конститутивна седница) на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот, составен од новоизбраните градоначалници на општините Гевгелија, Дојран, Богданци, Валандово, Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Радовиш и Конче. За претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, беше избран градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Новите членови на Советот беа информирани за политиката за рамномерен регионален развој и постапката за аплицирање за регионални проекти, како и со активностите на Советот и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, за наредниот период.

 

Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби

Општина Струмица денеска беше домаќин на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија која што се одржа во просториите на домот на АРМ. По тој повод, а потврдувајќи ги добрососедските односи, Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби. Клучевите од возилото на градоначалникот Коста Јаневски му ги врачи бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Родителите и учениците заедно во проектни активности за меѓуетничка интеграција во образованието

Учениците, наставниците и родителите од подрачното училиште во село Банско, кое работи во состав на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, како и учениците и нивните наставници од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица реализираа заеднички часови по наставниот предмет Општество. Овие планирани активности произлегуваат од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци од Швајцарија, а спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и општина Струмица како партнер во овој проект.

 

Соопштенија за организација на јавни анкети и презентации

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица - пречистен текст („Службен гласник на Општина Струмица“ број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15) Градоначалник на Општина Струмица, објавува соопштение:

Се одржа работилница за зголемување на вработеноста и локалниот економски развој на општина Струмица

Во организација на Локалниот економско социјален совет и Одделението за локален економски развој на општина Струмица, а во соработка со АВРМ – Центар за вработување Струмица во малата сала на домот на АРМ, денеска, се одржа презентација на подобри локални и активни политики за вработување до повеќе нови вработувања. Темите на дискусијата се фокусираа на актуелната состојба на локалниот пазар на труд со посебен акцент на создавање на продуктивни врски на бизнис и невладиниот сектор со невработени млади лица, а преку можноста во подобрување на имплементацијата на локални и активни политики за вработување. Целта на работилницата беше зголемување на вработеноста и локалниот економски развој на општина Струмица.

 

Страница 1 од 5

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544